Запленети 247 килограми марихуана

Грчката полиција во две одделни акции заплени 247 килограми марихуана внесена од Албанија. Во првиот случај, во Неа Селефкија, кај Игуменица, полициската патрола открила 145 килограми во напуштен автомобил. Утврдено е дека возилото било украдено на 13 јули годинава во Корделио-Евосму. Продолжува истрагата за откривање на крадците на возилото и наркошверцерите. Во Компоти, кај Арта, бил запрен автомобил што доаѓал од...

Кривична пријава за скопјанец во чиј дом е пронајден хероин

Скопјанец заработи кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотички дроги и психотропни супстанции. Полицијата денеска соопшти дека кривичната пријава е поднесена против 34-годишниот Ќ.А. Во неговиот дом при претрес на полицијата извршен во петокот пронајдени се четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 186,84 грама хероин, една дигитална вага со остатоци од хероин и...

Почна проверка на безбедноста на мостовите

По трагедијата што се случи во Италија, кога се урна надвозникот „Моранди“, при што загинаа 41 лице, албанските власти почнуваат со контрола на издржливоста на мостовите во земјата. Директорот на сообраќајната полиција Митхат Тола изјави дека почнале инспекциите на системот на хоризонтална и вертикална сигнализација околу дозволената тежина на возилата што минуваат по мостовите, како и состојбата на безбедносните елементи. -...

Бензините поевтини, а дизелот поскап за половина денар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66, односно за 0,28 отсто. Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 71 денар за...

Сет закони со директни поволности за граѓаните и за фирмите

Министерството за финансии подготви или стави во примена осум закони што нудат директни поволности за граѓаните и за фирмите, информираа вчера од Министерството. Граѓаните повторно можат да поднесуваат барања за приватизација на државно градежно земјиште. Со истекувањето на рокот на 15 декември 2014 година, граѓаните ја немаа оваа можност. Сега тие повторно го имаат ова право, и тоа во следните...

Нов Зеланд со закон им дозволи само на своите државјани да купуваат куќи во земјата

Нов Зеланд усвои закон со кој на повеќето странци нема да им биде дозволено да купуваат куќи во таа земја, која се обидува да го спречи растот на цените на надвежности. Досега пазарот за недвижности на Нов Зеланд бил отворен за инвеститори од целиот свет, но Владата усвои закон со кој само државјаните на таа земја ќе можат да купуваат...

До крајот на август пријавување за испит за овластен стечаен управник

До 31 август заинтересираните кандидати можат да се пријавуваат за полагање на испит за овластен стечаен управник што го распиша Министерството за економија, а е услов за добивање лиценца за вршење на работите на стечаен управник, како лице овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот. Од Министерството за економија информираат дека кандидатите кои ќе се пријават...

Пожар во гостиварско Фирино, изгореле 30 јагниња

Во пожар што вчера попладене избувнал во штала на 39-годишниот Љ.И. од гостиварското село Форино игореле добиток и сено. Штетата се проценува на близу 30 илјади евра. Според СВР Тетово, огнот се појавил околу 17 часот и брзо се проширил низ шталата. Во огнената стихија изгореле 30 јагниња и 2.700 бали добиточна храна (јонџа), сопственост на неговиот чичко А.И.(55), со...

Над два милиона верници се собраа на Арафат на аџилак

Повеќе од два милиона муслимански верници се собраа на планината Арафат, во близина на Мека во Саудиска Арабија, на еден од врвовите на годишниот аџилак. По најголемата жештина, верниците извикуваа: „Еве ме, Боже, јас одговарам на твојот повик. Еве ме". На Планината ќе останат од зори до мрак, молејќи се и рецитирајќи од Коранот. Аџилакот почна вчера со собирање на верниците...

Собранието продолжува со работа

На собраниската веб-страница за денеска веќе е закажана седница на комисијата за економски прашања, а за 29 август, пак, пленарна седница. До средината на неделава се очекува и првата средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со координаторите на пратеничките групи По летниот одмор, пратениците од денеска започнуваат со своите вообичаени активности во Собранието. Во текот на оваа недела се...