Ѓорческа против Американката Дејвис во 1-то квалификациско коло во Њујорк

Американката Лорин Дејвис (24) ќе ѝ биде противничка на најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа (24), во денешното 1. квалификациско коло на гранслем-турнирот, Отвореното првенство (ОП) на САД во Њујорк (од 27 август до 7 септември). Дејвис моментално е на 200-та позиција на ВТА ранг-листата, а Ѓорческа е 604-та, најмногу поради долгата, повеќемесечна пауза поради повредата на зглобот на левата рака....

Спасовски за МИА: МВР и ЈО се уште интензивно работат на истрагата за „27 април“

Не е завршена истрагата за случувањата од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Неа се уште ја води Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а МВР, според Законот за кривична постапка, работи по инструкции токму на Обвинителството, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Македонската информативна агенција. Во Кривичниот суд во Скопје...

Патот до завршницата на ЕП води преку Швајцарија

Македонија е фаворит против Швајцарија и за мене ќе биде интересно да видам како одбојкарите ќе се однесуваат и како ќе одговорат на предизвикот, вели селекторот, Никола Матијашевиќ Нема да ни биде лесно против Швајцарија иако според повеќе параметри тие се аутсајдерот во групата. Никако не смееме да ги потцениме, мораме да бидеме максимално сконцентрирани, мотивирани и за да победиме...

Изгаснати два пожари, во Делчево и Штип

Во два одвоени пожари кои избувнале вчера во Делчевско и во Штип горела борова и дабова шума и нискостеблеста трева. Повредени нема, причинети се само материјални штети. Првиот пожар, како што информира МВР, избувнал вчера околу 11 часот кај местото викано „Цветков чукар“ во делчевското село Нов Истевник. Горела нискостеблеста дабова и борова шума. На местото излегле екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево и...

САД нема да учествуваат на состанок во Москва за иднината на Авганистан

САД нема да учествуваат на самитот за иднината на Авганистан следниот месец во Москва, информира претставник на Стејт департментот. - Во принцип поддржуваме иницијативи предложени и предводени од Авганистанци, кои имаат за цел да постигнат напредок за мировно решавање за Авганистан. Имајќи ги предвид резултатите од претходните средби во московски формат, сметаме дека е малку веројатно оваа иницијатива да доведе...

Зошто ни се допаѓа она што ни се допаѓа

Ако психологијата е наука, која, меѓу другото, го проучува човековото однесување, тогаш како можеме да изоставиме нешто толку фундаментално човечко како што се уметноста и нејзиното влијание на човековата психа? Сега научниците почнаа да работат на едно возбудливо поле, со користење на научните алатки за мерење на нештата што до скоро ги сметаа за немерливи... Ако некогаш сте се запрашале...

Средба со Славе Катин во Охрид

Во организација на НУ „Григор Прличев“ од Охрид, денеска, во 12 часот, во Прличевата одаја ќе се одржи средба со новинарот, публицист, истражувач и преведувач Славе Николовски-Катин. Поздравна реч ќе одржи директорката на библиотеката Гордана Змејкоска, воведничар ќе биде Милчо Јованоски. За творештвото и животниот пат на Катин ќе говорат проф. Томе Груевски и новинарот и публицист Свето Стефаноски.

Стотина граѓани пред Судот за поддршка за обвинетите за настаните од 27 април

Со зурли и тапани стотина граѓани пред Кривичниот суд даваат поддршка на обвинетите за случувањата во Собранието на Република Македионија од 27 април минатата година, случај за кој денеска е закажано првото рочиште. Присутните пејат македонски песни и извикуваат „Европа мафија“ и „НАТО фашисти“. Во моментов пристигнуваат обвинетите, а пред Кривичниот суд има големо полициско обезбедување. Предметот, како што е најавено ќе...

Осумгодишно дете тешко повредено на крстосница во Скопје

Осумгодишно дете од Србија синоќа во 22.30 часот било тешко повредено на крстосница во Скопје кога во него удрило автомобил. Од МВР информираат дека несреќата се случила на крстосницата од улиците „Славеј Планина“, „362“, „Македонско Косовска бригада“ и „Џон Кенеди“ во Скопје, кога патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. К. (46) од с.Блаце, скопско, удрило во...

Продолжува судењето за случајот „Монструм“

Во кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година. Претходното рочиште беше одложено поради болест на судијата Осман Шабани. На последното рочиште за „Монструм“ се гледаа аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година од страна...