Во прекин сообраќајот на патот Виница – село Бигла
Од 10 часот претпладнево п оради изведување градежни работи, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Виница - село Бигла, Делчево, меѓу селата Драгобраште и Трестија.
Како што информираат од Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот ќе се одвива по алтернативни улици.
Се преврте камион кај Битола, возачот повреден
Tешка сообраќајна несреќа се случила вчера кај Битола.
Од МВР информираат дека несреќата се случила околу 16 часот на магистралниот пат Ресен-Битола, кај местото викано „Црвен” кога товарно моторно возило „мерцедес” со битолски регистерски таблици управувано од С.С.(61) од Битола се превртeло.
Во незгодата С.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа во Ресен за укажување...
Како Англичанецот Едвард Браун го видел Скопје во 1669 година
„Во овој крај се случиле прочуени битки со Римјаните, кои ги изучуваме во историјата, и кај Требелиј Полион читаме дека (императорот) Регалијан тука однел многу победи и донел многу плен во Скопје, со што заслужено триумфирал по неговото враќање“, вели, меѓу другото, патописецот
Англискиот доктор и патописец Едвард Браун го посетил Скопје во 1669 година, дваесетина години пред Пиколомини да...
Со балон против градоначалникот на Лондон
Балон со ликот на градоначалникот на Лондон, Садик Кан во жолти бикини денеска е пуштен над Вестминистер.
Кампањата со балонот ја покрена активистот Јени Брир, како одговор на најавата на Кан дека во метрото ќе забрани провокативни реклами, како таа на која позира манакенка во жолто бикини, прашувајќи „Дали вашето тело е подготвено за на плажа“.
Брир за балонот собра околу...
Отворена турската фабрика „Чагатај Кабло“ во Бунарџик
Шест милиони евра инвестиција и вработување на околу 300 лица треба да биде билансот од инвестицијата во најновата турска фабрика во Македонија „Чагатај Кабло“ што вчера и официјално почна со работа.Ж
Станува збор за погон од седум илјади квадратни метри, лоциран во индустриската зона „Бунарџик“. За негова изградба во првата фаза се вложени четири милиони евра и досега се вработени...
До каде може да оди задолжувањето на граѓаните?
Кредитирањето на домаќинствата бележи релативно стабилен раст, меѓутоа тој засега не предизвикува загриженост. Поголемата склоност на банките за кредитирање на домаќинствата се темели врз понискиот ризик што произлегува од овие кредити
Кредитната задолженост на граѓаните со години е во нагорна линија, а очекувањата се дека населението и понатаму ќе продолжи да позајмува од банките. Сепак, експертите и надлежните велат дека...
Хан: Имав многу добар состанок со Брнабиќ
Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на денешната средба со српската премиерка разговараше за идните чекори во пристапувањето на Србија во ЕУ, за дијалогот Белград - Приштина и за други теми.
Хан на Твитер напиша дека имал „многу добар“ состанок со српската премиерка Брнабиќ.
Тој додаде дека разговарале за „следните чекори во пристапните преговори на Србија, дијалогот Србија...
Димитров: Со Грција сме природни сојузници, договорот ќе биде прифатен
Убеденост дека граѓаните ќе го поддржат Договорот од Преспа, бидејќи „кога сме на големи историски крстопати, носиме мудри одлуки“, изразува шефот на македонската дипломатија, во интервју за Независната балканска новинска агенција (ИБНА).
- Убеден сум дека договорот ќе биде прифатен од нашиот народ, бидејќи, кога сме на големи историски крстопати, носиме мудри одлуки. Исто така, уверен сум дека дури и...
Авион излета од писта во Сочи, 18 повредени
Најмалку 18 луѓе се повредени откако авион синоќа излета од пистата и делумно се запали на аеродромот во Сочи, соопшти руското Министерство за здраство.
Боинг 737 со 164 патници и шест членови на екипажот леташе од Москва за Сочи.
Меѓу повредените има и три деца.
Авионот излета од пистата при слетување, ја проби заштитната ограда и заврши на брегот на реката во...
Сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, сообраќајот се одвива отежнато
Сообраќајот на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево кај селото Церово се одвива отежнато, а возилата се пропуштаат наизменично, заради увидот на сообраќајна незгода.
Според СВР Тетово, утрово околу 9.30 во близина на селото Церово, дошло до соораќајна несреќа во која две лица се повредени, од кои едното потешко. Од сé уште неутврдени причини се судриле три автомобили: „ауди“ со тетовски ознаки, „форд-мондео“ со...







































