Екипите на Гоблен Јуниор и Пелистер одиграа натпревар без голови

Во рамките на 3-то коло од втората фудбалска лига – запад попладнево на стадионот на ФК Башкими во Куманово екипата на Гоблен Јуниор како домаќин против екипата на Пелистер од Битола одиграа нерешено 0:0. Фудбалерите на Гоблен Јуниор и во вториот натпревар пред своите гледачи како домаќини не ја искористија предноста на домашниот терен и уште еднаш ремизираа, овој пат...

Сари очекува Челзи уште да напредува

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, по победата над Борнмут (2:0) во четвртиот круг од Премиер лигата забележа дека играта на неговите избраници не е на највисоко ниво, но со оглед на тоа дека е почеток на првенството е задоволен. - Тоа беше неверојатно тежок натпревар против добро организиран тим во одбраната. Задоволен сум и со резултатот и со прикажаната игра....

Локализиран пожарот во „Сувенир“ од Самоков

Локализиран е пожарот што настана по експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ во Самоков и состојбата е стабилизирана, информира портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова. Според неа, полицијата во моментов е на теренот, а во гаснењето на пожарот се ангажирани противпожари екипи. Експлозијата во фабриката, настана од засега сеуште непознати причини. Во полицијата е пријавена денеска во 16:10 часот. Од СВР Битола...

Вториот кружен натпревар Кичево 2- 2018, во знак на фаворитите

Денес на патеката во Кичево се одржа вториот натпревар од шампионатот во автомобилизам на кружни патеки Кичево 2-2018. На патеката се појавија 20 возачи поделени во пет класи. Во класа еден до 1150 кубни сантиметри, на стартот се појавија шест возила а првите три места ги освоија Ѓорѓи Наков од АКК Никола Карев, второто место му припадна на Филип...

Најмалку осум жртви во самоубиствениот напад во Могадишу

Најмалку осум лица биле убиени во денешниот терористички напад во сомалискиот главен град Могадишу. Цел на нападот била административна зграда во областа Холвадаг. Училиште, џамија и повеќе куќи биле оштетени во нападот. Најголем дел од жртвите се цивили. Се претпоставува дека нападот бил организиран од страна на исламистичката група Ал Шабаб, која со години се бори против сомалиските власти и нивните...

Ердоган побара од Киргистан да ги затвори училиштата на Ѓулен

За време на својата посета на Киргистан, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го повика раководството на оваа држава што поскоро да се справи со групите поврзани со организаторот на државниот удар од 2016 година Фетула Ѓулен. Ероган го отворил ова прашање на средба со киргистанскиот претседател Соронбај Жеенбеков, предупредувајќи го дека училиштата и бизнисите поврани со Ѓулен се закана...

Заев и Вучиќ го промовираа проектот „One stop shop“

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ, денеска се сретнаа на граничниот премин Табановце-Прешево каде најавија дека ќе започне да се применува заедничкото гранично управување или проектот „One stop shop”. Со овој проект се очекува да се скрати времето на царинење и на контроли. Со едно застанување на заедничка испостава ќе се преполови времето на чекање на граѓаните,...

Експлозија во фабриката „Сувенир“ од Самоков

Денеска околу 16:10 часот избувнала експлозија во наменската фабрика за производство на муниција „Сувенир“ од Самоков, дознава МИА. Според првичните неофицијални информации, од СВР Битола потврдуваат дека имало експлозија во фабриката и оти нема ниту повредени, ниту загинати во експлозијата. Полицијата во моментов прави увид на местото на настанот.

Нов бомбашки напад на Филипини

Во денешниот бомбашки напад на муслиманските екстремисти во филипинскиот град Исулан загина најмалку едно лице, а 15 се повредени. Напаѓачот активирал рачно изработената бомба во близина на интернет кафуле. - Привремено го блокиравме Исулан. Не сакаме осомничените да побегнат. Веруваме дека се уште се во градот, изјави регионалниот воен командант бригадниот генерал Кирилито Собејан. Тој додаде дека тројца од повредените се во...

Италијанската полиција заплени 550 килограми марихуана од Албанија

Италијанската полиција во близина на пристанишниот град Бридизи заплени 550 килограми марихуана произведена во Албанија. Дрогата била транспортирана со моторен чамец, во кој биле две лица - италијански и албански државјанин, на 33 и 29 годишна возраст, кои се уапсени. Според италијанската полиција вредноста на марихуаната на нарко пазарот се проценува на околу пет милиони евра. Само пред два дена во водите...