Серена по пласманот во финалето: Веќе се чувствувам како победник
Американката Серена Вилијамс ја победи Анастасија Севастова во два сета и ќе се бори за титулата на Ју Ес Опен.
Таа го пропушти минатогодишниот Гренд слем во Њујорк поради раѓањето на ќерката Олимпија, а по пласманот во финалето изрази благодарност и рече дека веќе се чувствува како победник, без разлика на исходот.
- Тоа е навистина неверојатно. Пред една година буквално...
Фудбалерките бараат повисоки плати
Една неодамнешна анкета покажала дека 88 отсто од фудбалерките во Суперлигата за жени (ВСЛ) во Англија заработуваат помалку од 18.000 фунти годишно!
Фудбалерките треба да имаат повисока плата од сегашната за да можат во иднина да играат попрофесионално, вели една фудбалерка на Велс, незадоволна од големиот јаз што моментно постои помеѓу нив и примањата на фудбалерите. Имено, крилниот играч Наташа...
Косовска Митровица на нозе, Србите се надеваат на посета на српскиот претседател
Ден пред доаѓањето на претседателот на Србија Алексанадар Вучиќ на Косово, а по заканите од Приштина, што ја доведоа во прашање самата посета, Косовска Митровица е на нозе, јави Танјуг.
Граѓаните очекуваат претседателот на Србија, сепак, да го посети Косово.
И медиумите исто така ја очекуваат посетата, судејќи по големиот број новинарски екипи.
Граѓаните се поделени по прашањето дали претседателот на Србија...
За Данска играа продавач, студент, интернет-ѕвезда…
За фудбалската репрезентација на Данска, која загуби со 0-3 на гостувањето кај Словачка, во тест-натпревар, во средата, играа продавач, студент и интернет-ѕвезда во т.н. фристајл-фудбал, со десетици илјади следбеници на Инстаграм и на Јутјуб, како и неколку играчи на футсал. Ваков аматерски состав Данска изведе поради недоразбирањата на Фудбалската федерација на таа земја со фудбалските професионалци за маркетиншките права.
Данска...
Субвенции за навивачи
Шпанската Ла лига планирала да ги субвенционира навивачите што би патувале на мечевите од шпанското фудбалско првенство што би се играле во САД, јави Би-би-си. Весникот се повикува на шпански медиуми, според кои Ла лига би им ги покривала трошоците за пат и за престој на навивачите што би биле погодени од плановите еднаш годишно меч од шпанското првенство...
Македонија 18-та на СП во решавање шаховски проблеми
Полска ја одбрани светската екипна титула, додека нов поединечен шампион стана истакнатиот велемајстор во проблемски шах, Полјакот Пјотр Мурџа
Репрезентацијата на Полска го освои златниот медал на 42-то Светско првенство во решавање шаховски проблеми, кое во оргaнизaција на шаховскиот клуб Гамбит Асеко СЕЕ и Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) се одржа во хотелот „Метропол“, во Охрид. Во конкуренција на 19...
Реал Мадрид забележа рекордни приходи
Реал Мадрид оствари рекордни приходи од 750,9 милиони евра за периодот 2017-18. Ова е за 11,3 отсто повеќе од претходната година, што значи зголемување на приходите од 76,3 милиони евра, што е највисока сума постигната од клубот за една година од 2000 година.
Реал Мадрид ја заврши годината со профит од 43 милиони евра пред оданочување.
Откако ќе се платат даноците,...
Коѕијас: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент и тоа од нашата Влада
Договорот од Преспа ќе го донесе нашата влада во Парламентот и ќе биде изгласан со апсолутно мнозинство, од над 150 пратеници, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервјуто за радиото „Реал фм“.
Грчкиот министер објаснува дека е свесен за ставот на коалицискиот партнер во владата, Панос Каменос, но тоа нема да биде пречка за ратификација на договорот со...
Ким Кардашијан повторно на средба со Трамп
Ѕвездата од американските реални шоуа, Ким Кардашијан повторно се сретна со претседателот на САД, Доналд Трамп, неговата десна рака Иванка и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер. И овојпат, како и пред три месеци, нејзината мисија е ослободување затвореник.
Сега се работи за помилување на Криса Јанг, уапсен во 2010 година и осуден на доживотен затвор за поседување марихуана. Ким смета дека тоа е...
Германија конечно треба да си направи нуклеарна бомба?
Кризната дипломатија на една земја може да биде успешна само во случај кога е поддржана од силна воена моќ, јавно истапуваат релевантни интелектуални авторитети и професори во Германија. Имајќи ја предвид политиката на Доналд Трамп, Германија повеќе не може да се потпре на заштитата од САД. Според политичкиот научник Кристијан Хаке, Берлин нема друг избор - Германија мора да...







































