Рама: Не вреди да се зборува за опозицијата
Премиерот Еди Рама преку социјалните мрежи реагираше на обвинувањата на опозицијата во врска со криминалот во северниот град Скадар, наведувајќи дека полициската статистика јасно говори за залагањето на власта во сузбивањето на криминалот во земјата.
Според него, не вреди да се занимаваш со зборовите на некој што бега од парламентот „за да води политика со криминалот од град во град...
Потпишан Меморандум за унапредување на состојбите во судството
Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија има за цел Меморандумот за соработка потпишан денеска меѓу министерката за правда Рената Дескоска, претседателката на Центарот за правни истражувања и анализи Лидија Стојкова Зафировска и новоназначената амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј. Соработката ќе се реализира до крајот на март 2020...
Опозицијата формира парламент во сенка
Албанската обединета опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, ја бојкотира и втората седница на Собранието, која се одржа вчера, по завршувањето на летните одмори. Наместо во собраниската сала во Тирана, пратениците на опозицијата се собраа во градот Елбасан, за да протестираат против „рапидно зголемениот криминал“ и несигурноста што ја чувствуваат жителите на овој град.
Деновиве во Скадар се...
Заврши средбата Вучиќ-Могерини, српскиот претседател се враќа во Белград
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја заврши средбата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и се враќа во Белград, јави Танјуг.
Вучиќ си заминал од зградата каде што се наоѓа седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел и веднаш се упатил кон аеродром од каде ќе отпатува за Белград.
Состанокот на Вучиќ со Могерини траел повеќе од еден час.
Српскиот...
Вучиќ ќе „преместува“ планина кај Грделичка клисура
Пренесувањето на 300.000 кубни метри земја не го решава проблемот со свлечиштето кај Предејане, велат стручњаците во Србија
Најновата идеја на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, проблемот со свлечиштето и уривањето на потпорниот ѕид на Коридорот 10 во Грделичка клисура да се реши со „преместувањето“ на ридот предизвика чудење кај стручната јавност. Дневникот весник „Данас“ пренесува дел од комуникацијата со...
Вартоломеј: Цариград има ексклузивно право за решавање на проблемите во православниот свет
Вселенската патријаршија ја носи одговорноста да ги поставува работите во православниот свет во црковен и вообичаен поредок, бидејќи само таа ја има привилегијата да ја извршува оваа врвна и вонредна задача, вели вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со последната одлука на Архиерејскиот собор на Вселенската патријаршија да може да дава автокефалност на цркви и без согласност на другите помесни...
Џафери: Кампањата ќе ја водиме транспарентно, непосредно и директно
Пратениците ја почнуваат кампањата за референдумот закажан за 30 септември. Денеска се одржува последната седница пред одржување на референдумот, а активностите се очекува да започнат од понеделник.
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес-конференција пред отпочнување на кампањата рече дека самото прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република...
Тевдовски: Во август направен поврат на ДДВ од 44 милиони евра
Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството заклучно со август, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски по завршување на денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност на која присуствуваше и гувернерот на НБРМ Анита Ангеловска Бежоска.
Во август е извршен најголем поврат на ДДВ на...
„Еуромакс Ресурцес“: Експлоатацијата на рудникот Иловица ќе биде без последици по здравјето на луѓето и природата
Менаџментот на „Еуромакс Ресурцес“, компанијата концесионер на рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“, тврди дека добива поддршка од локалното население за плановите за работа, а поголема комуникација со Владата за тоа прашање очекува по претстојниот референдум закажан за 30. месецов.
- Во постојана комуникација сме со Владата. Свесни сме за актуелната политичка ситуација, нашиот Одбор на директори е подготвен...
Саниран покривот и оџаците на детската градинка во Кичево
Благодарение на несебичната помош на РЕК „Осломеј “, санирана е покривната конструкција на детската градинка Клон, која е дел од детската градинка „Олга Мицеска“, најстарата детска установа од овој вид во Кичево, отворена пред половина век.
Покрај покривната конструкција со овој зафат санирани се и оџаците и поставени се нови олуци, оваа детска установа е отворена пред три децении, а...







































