Коѕијас денеска пристигнува во Македонија
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска треба да слета на меѓународниот аеродром Скопје во прва посета на земјата, по преименувањето на аеродромот, што беше една од отстапките, кои македонската Влада ги направи во процесот на преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името.
Коѕијас денеска треба да пристигне во земјава, а за утре, како што најави...
Снегот го отежнува сообраќајот, застој на неколку патни правци
Снегот што од синоќа интензивно паѓа предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци, особено во западна Македонија.
АМСМ и ЈП Македонијапат информираат дека од 06:20 часот е воведена забрана за движење на камниони на регионалниот пат Дебар-Маврово.
Од 05:30 часот забрана за сообраќај на камиони има на магистралниот пат Гостивар - Кичево, преку планинскиот превој Стража.
Сообраќајот на другите државни патишта...
Во Кривичниот суд продолжува судењето за „Тарифа“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи рочиштето за случајот на СЈО „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.
Обвинителите на СЈО на претходните судски рочишта рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите се изјаснија дека не се виновни.
Според обвинението...
Времето денес облачно и студено
Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Утре на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2, а во североисточниот дел и над 20 л/м2. Во поголем дел...
Вучиќ: Нека размислат дали сакаат компромис или понижување на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србија секогаш е подготвена за разговор и компромис со цел решавање на косовскиот проблем, но оти не е подготвена на понижување.
Како што јави Танјуг, Вучиќ тоа му го порачал и на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш со кого се сретна со Њујорк, но и на многу средби со функционери чии земји...
Закерберг ги призна грешките, најавува подобра заштита на податоците
Извршниот директор и основач на Фејсбук Марк Закерберг денеска ги призна грешките и најави чекори кон подобра заштита на податоците на корисниците по скандалот со преземање на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници.
Закерберг се огласи по четири дена молчење, забележуваат светските агенции.
Тој на својот профил на Фејсбук напиша дека компанијата има „одговорност“ да ги заштити податоците на...
Во Сирија постигнат договор за евакуација на 7.500 бунтовници
Сириските државни медиуми и портпаролот на бунтовниците соопштија дека е постигнат договор 7.500 припадници на бунтовничките сили и нивните семејства од Хараста во Источна Гута, да се евакуираат во северната провинција Идлиб, која е под контрола на бунтовниците.
Договорот ќе значи прва евакуација на борците од регионот, што е под контрола на бунтовниците источно од Дамаск, и кој владините сили...
Џонсон го спореди Путин со Хитлер
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин го користи Светското првенство во фудбал за подобрување на имиџот на Русија.
Џонсон додаде дека се согласува со мислењето на еден пратеник дека тоа потсетува на Хитлеровото користење на Олимписките игри во 1936 година во Берлин.
- Да, мислам дека споредбата со 1936 година е апсолутно...
Североисточниот дел на САД се подготвува за четврта зимска бура
Њујорк и Вашингтон се меѓу градовите во североисточниот дел на САД кои денеска ги очекуваат обилни снежни врнежи и силни ветрови кои ќе ги донесе четвртата зимска бура во регионот во последните неколку недели.
Само ден по астрономскиот почеток на пролетта, државните училишта во Њујорк, Филаделфија, Вашингтон, Бостон и други градови се затворени, а откажани се повеќе од 4.100 летови.
Администрацијата...
Пожар во зграда во Тетово
На покривот од седумкатна зграда во Тетово околу 16 часот избил пожар. Пожарникарите се уште се борат да го изгаснат огнот.
Засега нема информации за повредени, но неколку возила на итната помош носеле станари во болница.
Зградата се наоѓа на булеварот „Илинден’ спроти судот.