Закерберг ги призна грешките, најавува подобра заштита на податоците

Извршниот директор и основач на Фејсбук Марк Закерберг денеска ги призна грешките и најави чекори кон подобра заштита на податоците на корисниците по скандалот со преземање на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници. Закерберг се огласи по четири дена молчење, забележуваат светските агенции. Тој на својот профил на Фејсбук напиша дека компанијата има „одговорност“ да ги заштити податоците на...

Во Сирија постигнат договор за евакуација на 7.500 бунтовници

Сириските државни медиуми и портпаролот на бунтовниците соопштија дека е постигнат договор 7.500 припадници на бунтовничките сили и нивните семејства од Хараста во Источна Гута, да се евакуираат во северната провинција Идлиб, која е под контрола на бунтовниците. Договорот ќе значи прва евакуација на борците од регионот, што е под контрола на бунтовниците источно од Дамаск, и кој владините сили...

Џонсон го спореди Путин со Хитлер

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин го користи Светското првенство во фудбал за подобрување на имиџот на Русија. Џонсон додаде дека се согласува со мислењето на еден пратеник дека тоа потсетува на Хитлеровото користење на Олимписките игри во 1936 година во Берлин. - Да, мислам дека споредбата со 1936 година е апсолутно...

Североисточниот дел на САД се подготвува за четврта зимска бура

Њујорк и Вашингтон се меѓу градовите во североисточниот дел на САД кои денеска ги очекуваат обилни снежни врнежи и силни ветрови кои ќе ги донесе четвртата зимска бура во регионот во последните неколку недели. Само ден по астрономскиот почеток на пролетта, државните училишта во Њујорк, Филаделфија, Вашингтон, Бостон и други градови се затворени, а откажани се повеќе од 4.100 летови. Администрацијата...

Пожар во зграда во Тетово

На покривот од седумкатна зграда во Тетово околу 16 часот избил пожар. Пожарникарите се уште се борат да го изгаснат огнот. Засега нема информации за повредени, но неколку возила на итната помош носеле станари во болница. Зградата се наоѓа на булеварот „Илинден’ спроти судот.

Mаж пронајден мртов кај Башино Селo

СВР Велес денеска информира дека на 13 март, годинава, на ридот над автопатот Скопје - Велес, на оддалеченост од околу 2,5 км од црквата во Башино Село, било пронајдено тело на починато непознато машко лице. Портпаролот на велешката полиција Верољуб Додевски, изјави дека бил извршени увид од страна на екипи од СВР Велес и Итна медицинска помош и се уште...

Влада на РМ: Судските одлуки се одлуки на независни институции

Судските одлуки се одлуки на правосудните органи како независни институции. Владата на РМ со должно внимание ги зема во предвид пораките од денешниот протест по повод одлуката на Јавното обвинителство во врска со трагичниот случај на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово, се вели во соопштението од владината прес-служба во врска со овој случај. Овој став на Владата, посочуваат од...

Цедеата од предметот „Тенк“ ќе се слушаат на 10 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се одржа ново рочиште од предметот „Тенк“ на СЈО во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра. Обвинителите испрашуваа пет сведоци од кои тројца вработени во МВР и двајца вработени...

Дешан: Погба не е среќен во Манчестер јунајтед

Селекторот на француската репрезентација Дидје Дешан изјави дека Пол Погба би можел да покаже многу повеќе во Манчестер јунајтед, доколку би имал прилика за тоа. Меѓутоа, францускиот репрезентативец остана на клупата за време на четвртфиналниот натпревар против Брајтон, а натпреварот против Ливерпул го пропушти поради повреда. Исто така, тренерот Жозе Мурињо повеќе пати оваа сезона предност му даде на младиот играч...

Граѓаните ќе го следат трошењето на државните пари преку платформа

Министерството за финансии подготвува платформа со која јавноста ќе има увид во исплатите од Трезорот, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на дебатата за предизвиците во реформите на јавната администрација. Како што истакна Тевдовски, транспарентноста е многу важна за добро функционирање на институциите. Затоа, посочи, се преземаат низа реформи и мерки за да се подобри транспарентноста и отчетноста. - Во...