Јункер: За Британија е подобро јас да сум британски премиер
Шефот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, порача дека за Британија би било подобро доколку тој ја замени Тереза Меј на премиерското место. Запрашан за состанокот на Меј со нејзините министри, на кој се разговарало за односите меѓу Британија и ЕУ по брегзит, Јункер изјавил дека би било добро да е премиер.
- Но не сум, ќе ги коментирам резултатите...
ЕУ ја очекуваат жестоки дебати и кавги за буџетот
Искуството на европските дипломати со преговорите за среднорочната финансиска рамка на ЕУ, односно „европската седмолетка“, говори дека тие редовно се најтешки средби на врвот на Унијата. Шефовите на држави и влади со денови се пазарат и никој не сака да попушти ниту за еден цент, бидејќи тука се работи за вкупно 1.000 милијарди евра, за периодот од 2021 до...
Две илјади и единаесетта: Македонска Република
Почитувани, имам 49 години, лекар сум и никогаш не сум бил член на ниедна политичка партија. Ја напуштив Македонија пред 16 години. Со мене дојдоа сопругата и двата сина. Зошто се случи тоа? Не е ни важно, долга прикаска... така требало да биде. Но во нашиот дом, до ден-денес, се негува македонскиот дух со разговори за нашата култура и...
Што предизвикува раната депривација од родителска грижа
За едно дете депривирано од родителска грижа да се развие во здрава, емоционално стабилна и интелигентна личност потребна е голема посветеност од оние што ја заменуваат мајката.
Секако дека најдобро е ваквите деца рано да се посвојуваат во соодветни семејства. Но ако веќе организираме институционално сместување, неопходен е добар избор на луѓето што ќе ја заменуваат мајката (и таткото)...
Деновиве што...
Со фигаро-проекти до подобар живот за сите
Изминативе денови јавноста ја разбранува еден потег на еден наш градоначалник, кој реши на дамите од општинската администрација за 8 Март да им купи фигаро за коса. Случајот одекна како бомба по медиумите, што беше доволен сигнал народот да се шегува на големо на социјалните мрежи. Неумесниот потег на, најверојатно, добронамерниот но недоволно искусен градоначалник наиде па подбив во...
Осигурителните друштва ќе го едуцираат населението за придобивките од осигурувањето
Осигурителните компании ќе работат на едукација на населението и на креирање производи што ќе бидат прифатливи на пазарот, порача Ѓорѓе Војновиќ, претседателот на Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија.
Тој посочи дека свеста на населението за потребата од осигурување е на ниско ниво, а тоа, како што кажа на денешната прес-конференција, го потврдуваат и бројките од извештајот на...
Спикерот Џафери сака ефикасна контрола врз државното ќесе
Без ефикасна контрола на парламентот врз буџетот - државното ќесе, не можеме да зборуваме за вистинска парламентарна демократија, односно за контрола врз извршната власт. Ако таа отсуствува, извршната власт станува моќна и се отуѓува што создава поволни услови за ширење на корупцијата. Ова го истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери, на отворањето на интерпарламентарната конференција на темата „Моќта на...
Андоновски во трка за Толстоевата награда
Од 2015 година е востановена категоријата за странски автори во која годинава е номиниран и македонскиот писател.дн Услов е книгата да е објавена по 2000 година и да е преведена на руски јазик. За оваа категорија е обезбеден фонд од милион и 200 илјади рубли, од кои милион за авторот и 200 илјади за преведувачот
Македонскиот писател Венко Андоновски, заедно...
Со ФИДИК до поголема конкурентност на меѓународните пазари
Особено е битно инженерите, архитектите, инвеститорите, надзорите, адвокатите, правниците, економистите, судиите и градежните компании во Македонија да бидат во тек со искуствата од примената на ФИДИК-договорите
Најзначајни општи услови, во меѓународни рамки, кои се однесуваат на договорот за градење или на некои негови делови се општите услови подготвени од Меѓународната федерација на инженери-консултанти (ФИДИК). Асоцијацијата на инженери-консултанти на Македонија (АЦЕМА)...
Најквалитетните вина на „Стоби“ во Москва
На рускиот пазар, како и на сите други пазари каде што се присутни, нудат производи со издржан квалитет, кои се соодветни на барањата и вкусот на купувачите
Се одржа најреномираниот саем за прехрана во светот „Продекспо“
Најквалитетните вина на винарницата „Стоби“ уште еднаш го потврдија високиот углед што го уживаат на рускиот пазар каде што се присутни долго време. Винарницата на...