Малески: Руското поведение ја турка Македонија во сојузот со другите западни демократии
Руското поведение ја турка Македонија во сојузот со другите западни демократии и Македонија мора да земе страна, изјави првиот министер за надворешни работи на Република Македонија, професор Денко Малески, во јавување во емисијата „Ноќно студио“ на ТВ Телма.
- Добро е што македонската политика застанува рамо до рамо со Велика Британија, со Холандија, со Данска, со Шведска, со Белгија и...
Вучиќ: Апсењето во Митровица е чин на безумност и брутална провокација
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека инцидентот што се случи во Косово е брутална провокација, акт на лудило и најтежок кривичен акт, кој приштинските власти го спровеле во Косово.
По седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ рече дека оваа акција од страна на властите во Приштина очигледно беше поддржана од некои земји.
Тој во обраќањето истакна дека Србија...
Руска амбасада: Македонија ќе ги носи последиците од протерувањето руски дипломат
Македонската страна ќе ги носи последиците од протерувањето на рускиот дипломат, објави вечерва руската амбасада во Македонија на Твитер, по одлуката на македонското Министерство за надворешни работи да протера еден руски дипломат поради случајот Скрипал.
- Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе...
МНР протера руски дипломат по консултациите со ЕУ и НАТО
Министерството за надворешни работи соопшти вечерва дека протерува еден дипломат на Руската Федерација, поради случајот Скрипал.
- Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот...
Концесионерот на „Казандол“ ќе бара отштета од 380 милиони евра
Не се исполнети ниту законските, ниту договорените услови за еднострано раскинување од страна на Владата на Република Македонија на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, за рудникот „Казандол“, информира концесионерот Друштвото за експлоатација, преработка и производство „Сардич МЦ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, во реакција на изјавата на министерот за економија.
Во соопштението до медиумите „Сардич МЦ“ ДООЕЛ се...
Врховен суд: Мукоски, Василески и Чавков во домашен притвор
Врховниот суд на Република Македонија донесе одлука по предметот Вкж1. бр.6/2018, во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.
За сите осомничени се укинуваат точките 2 и 3 од член 165 од Законот за кривична постапка, како основ за продолжување на мерката притвор и куќен притвор, соопшти Врховниот суд.
За осомничените К.М., С.В., М.Ч., М.П.,...
Во Германија изложен најголемиот птеросаурус
Во музеј за диносауруси во Германија беше претставен скелет на најголемиот досега пронајден птеросаурус.
Неговите крила имале распон од 12 метри, а бил тежок околу половина тон. Се проценува дека е стар околу 66 милиони години.
Скелетот е познат под името „Дракула“, бидејќи е пронајден во Романија.
Поради неговата големина стручњаците расправаат дали воопшто можел да полета. Според едната теорија оваа...
Сачевалиев: Прикажаната снимка не е целосна, го наведував Заев што да каже
Струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, кој денеска во Кривичниот суд неколку часа сведочи во случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, на продолжението од рочиштето рече дека снимката од ПИ мерките што била прикажана на телевизија не била целосна.
Сачевалиев пред судот кажа и дека откако ја имал опремата за снимање на него, го наведувал Заев...
„Исцелител“ досега е награден на седум фестивали
Филмот „Исцелител“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески минатата недела освои две значајни награди на два престижни меѓународни филмски фестивала - во Обањ, Франција, беше избран за најдобар филм во главната натпреварувачка конкуренција, а на фестивалот „Франкофилм“ во Рим доби специјална награда од жирито.
Со нив досега „Исцелител“ има освоено седум награди на фестивали. Претходно филмот беше награден...
Уапсен полски владин претставник што шпионирал во корист на Русија
Министерството за надворешни работи на Полска денеска го повика рускиот амбасадор Сергеј Андрејев поради минатонеделното апсење на вработен во полското Министерство за енергетика, под обвинение дека е поврзан со руски разузнавачи.
Се претпоставува дека уапсениот Марек В. оддавал чувствителни информации за полската стратегија против рускиот гасовод Северен поток 2. Тој беше уапсен во петокот и ќе остане во затвор три...