Започнува проектот „Дрво за секое дете“
Меморандум за соработка за реализација на проектот „Дрво за секое дете“ потпишаа денеска градоначалникот Петре Шилегов и претставници на гинеколошките клиники од Скопје
- Како што ветив во предизборната кампања пред неколку месеци, ja почнуваме реализацијатa на проектот „Дрво за секое дете“. Заедно со ЈП Паркови и зеленило и гинеколошко - акушерските болници, преку овој проект, им овозможуваме...
Се чисти снегот од патот за Галичник
Иако сме на почетокот на април, регионалниот пат Маврово - Галичник, низ планината Бистра, се` уште е затрупан со снег и не е прооден за сообраќај.
На иницијатива на месната заедница Галичник, од пред три дена механизацијата на ЈП „Македонија-пат“ ангажирана е во расчистување на снегот и успејаа 4,5 километри да го оспособи за сообраќај. Ако продолжат со ова темпо...
Кина му возврати на Трамп, воведе царини за американски производи
Кина денеска објави против мерки за увоз на американски производи наметнувајќи царини во висина до 25 отсто на 128 одредени производи, како одговор на американските царини за челик и алуминиум, објави кинеското Министерство за финансии.
Официјален Пекинг минатиот месец предупреди дека размислува за воведување на царини што предизвика загриженост заради можното избивање на трговска војна меѓу овие две големи светски...
Кинеската вселенска станица „Тијангон-1“ изгоре во атмосферата над Тихиот океан
Кинеската вселенска станица „Тијангон-1“ влезе во земјината атмосфера и изгоре над јужниот дел на Тихиот Океан, соопштија кинеските власти.
Модулот навлезе во атмосферата и во голема мера изгоре, соопшти Центарот за управување со пилотирани летови на Кина. Претходно, кинеските власти истакнаа дека е малку веројатно големи остатоци да стигнат до земјата.
И други научници предвидуваа дека станицата во голема мера ќе...
Коѕијас ќе ги информира лидерите на грчките партии за разговорите за името
Лидерите на грчките политички партии, еден по еден, ќе бидат информирани од шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас за разговорите во Виена и текот на преговорите за името. Наместо претседателите на партиите да ја посетат зградата на грчкото МНР, според грчките медиуми, Коѕијас брифинзите ќе ги оддржува во партиските штабовите.
За денеска напладне официјално е закажана средба со генералниот секретар...
Две лица нападнати во скопскиот Градски парк
Непознати машки лица ноќеска околу 01:20 часот во Градскиот парк во Скопје ги нападнале А.Н.(23) од Прилеп и С.Б.(23) од Скопје.
Како што е наведено во полицискиот билтен двете лица додека се шетале биле пресретнати од неколку непознати машки лица, кои им побарале пари.
Во тој момент С.Б. успеал да избега и да го пријави настанот во полициска станица, а А.Н....
Почна Страдалната – Страстната – Велика седмица
Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на страданијата Господови. Сè е во спомен на последните денови од земниот живот на Спасителот наш Господ Исус Христос: Неговите страдања, смртта и погребението.
Оваа...
Конференција по повод првиот Буџет на независна Македонија
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи Првата годишна конференција на Министерството за финансии по повод 2 април, денот кога беше донесен првиот Буџет на независна Република Македонија.
Тема на конференцијата е „Управување со јавните финансии и економски раст - комплементарни или спротивставени“.
Воведни обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, а поздравен говор...
Прво рочиште за „Титаник“ во новата зграда на Кривичниот суд
Во новата зграда на Кривичниот суд денеска ќе се одржи првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности.
Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети се поранешни функционери, меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.
Тие се осомничени од...
Најмалку 38 лица повредени при земјотрес во Иран
Во земјотресот со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди западен Иран, повредени се 38 луѓе.
Поголемиот број од повредените луѓе по добиената лекарска помош пуштени се на домашно лекување.
Епицентарот бил во градот Сарпол-е-Захаб, каде во ноември минатата година беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтер, при што загинаа околу 600 лица.
Иран е...