Барањето забрана – антидемократски чин

Меѓу сите околности околу книгата, најфрапантно звучи барањето таа да биде повлечена, што во превод значи да биде забранета. Да се прави ваков погром на една книга во денешна Република Македонија не само што не е во согласност со сите политички заложби за слобода на творештвото туку навестува и опасност по она што може да се случува во иднина....

Воениот шенген бара реконструкција на патната мрежа во ЕУ

Со модернизација и надградби на постојните железници и со подобрување на инфраструктурата на автопатиштата и мостовите почнува да се спроведува проектот познат во јавноста како воен шенген, кој е практично нов меѓудржавен механизам што годинава почнува да се реализира меѓу државите на Европската Унија. Овие информации поврзани со конкретните безбедносни активности на Европската Унија неодамна беа публикувани од Брисел...

Дрога вредна 29 милиони долари запленета на Тајланд

Тајландската полиција заплени дрога во вредност од 29 милиони американски долари и уапси 11 лица во редица акции од минатата недела, соопштено е денеска. Во осум одвоени случаи ширум Тајланд се запленети 1,7 милиони таблети, метамфетамини, над 700 килограми кристал метамфетамини и близу 1,4 тони марихуана, соопшти полицијата. Меѓу 11-те уапсени се двајца Малезијци, а еден е од Танзанија. Останатите осомничени...

МНТ со изложба ќе го одбележи 73-тиот роденден

Македонскиот народен театар по повод 73-тиот роденден, кој го одбележува денеска, во текот на април ќе организира повеќе активности под мотото „Моќта на театарот“. Прва од повеќето планирани настани ќе биде изложбата „Моќта на актерот“, која денеска ќе биде отворена во фоајето на театарот.  - Изложбата е посветена на актерите што учествувале во разни претстави. На оние актери на кои најбројни им...

Самохраните родители поднесуваат документи за бесплатна градинка

Правото на ослободување од плаќање партиципација во јавна установа за деца се остварува за дете во семејство на самохран родител, односно ако еден од родителите е починат или не е познат или, пак, му е одземено родителското право Антонија Поповска Самохраните родители од 20 март имаат можност да поднесат документи за да бидат ослободени од плаќање надоместок за градинка. Како...

Буџетот на Република Македонија низ бројки

На 2 април во 1992 година е донесен првиот буџет на независна Република Македонија, кој бил предложен од министерот за финансии Методија Тошевски, а потпишан од тогашниот претседател на Собранието Стојан Андов и претседателот на Република Македонија Киро Глигоров. Буџетот секоја година предизвикува полемики во медиумите и јавноста околу неговата оправданост, низ бројки ве потсетуваме како тој растел од...

Повреден пешак во Неготино

Педесетгодишен пешак бил повреден вчера од патнички автомобил марка „фолксфаген буба” со неготински регистарски таблички на улицата „Пекарев“ во Неготино, информира денес Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. - Автомобилот бил управуван од дваесет и четиригодишниот М.Д. Повредениот Д.М. од Неготино се здобил со телесни повреди. Бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Неготино, а по укажаната медицинска помош бил пуштен...

Македонија ќе користи јужнокорејски искуства за сајбер-заштита

Размена на искуства и практики во областа на сајбер-безбедноста од Јужна Кореја во Македонија има за цел дводневната работилница „Национална рамка и стратегија за сајбер-безбедност и функционирање на национален CERT/CSIRT“, која се одржува во Скопје, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација, Корејската агенција за Интернет и информатичка безбедност и Светска банка. Министерот за информатичко општество и...

Собранието продолжи со работа, столчињата на опозицијата празни

Собранието на Република Македонија ја почна денешната работа со 38. седница и Предлог-законот за изменување и дополнување на семенскиот и саден материјал, во прво читање. На седницата не се присутни пратениците од опозицијата. Во Собранието за денеска се закажани уште три седници, на чиј дневен ред се точки од различни сфери.

Автобус удри во деветгодишно дете

Вчера на ул. „Лука Геров“ во Скопје, веднаш по крстосницата со ул.„Лазо Дамовски-Ошенски“ автобус удри во 9-годишно дете. Несреќата се случила околу 15.10 часот кога автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Р. (43) од с.Љубин, скопско, удрил во деветгодишно дете од Скопје. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники...