Македонија без капитенот Лазаров против Русија

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров нема да настапи на контролниот натпревар против Русија. Тој и се приклучи на репрезентацијата, која под водство на Раул Гонзалез ќе ја искористи ЕХФ неделата за подготовка пред мундијалскиот бараж со Романија за пласман на СП во Данска и Германија. Капитенот ќе биде дел од тренинзите, но нема да настапи против Русија в сабота. Изземањето...

Израел најави остар одговор на протестите во Газа

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман денеска изјави дека војската нема да го менува својот остар став кон масовните протести предводени од Хамас во близина на границата на Израел и појасот Газа, предупредувајќи дека тие кои се приближуваат кон границата го ризикуваат сопствениот живот. Либерман ваквата изјава ја даде пред група новинари во близина местото на границата кон Газа, каде...

Животот на киднапираните новинари е во рацете на претседателот на Еквадор

Киднапираните новинари на границата помеѓу Еквадор и Колумбија денеска преку видео снимка бараат помош еквадорскиот претседател Ленин Морено. На снимката што трае 22 секундии, тројца мажи врзани со синџири заедно околу вратот, бараат од Морено да ослободи тројца неидентификувани соборци и да ја прекине соработката во борбата против нарко дилерите со Колумбија во замена за нивната слобода. - Претседателе Морено, нашите...

Вучиќ го очекуваат „најважните разговори за Косово“

Од 10 до 20 април во Европа и во светот ќе ги водам „некои од најважните разговори за прашањето на Косово“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој на прес-конференција по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Белград нагласи дека не може јавно да зборува за овие разговори, додавајќи дека од нив не очекува „премногу добри вести...

Расчистен одронот на патот на влезот на Велес

Целосно е расчистен одронот од карпата на влезот во Велес, на регионалниот пат Велес - Градско, кој беше таму од 13 март изутрината. Поради безбедносни причини патот ќе биде пуштен во употреба утре напладне. Како што информира Благоја Тевдовски, раководител во Јавното претпријатие за државни патишта, во изминатите два дена патот е целосно расчистен од карпите, но поради безбедносни причини...

Британија не се откажува од „невозможната мисија“ за пронаоѓање на Медлин Мекен

Поранешниот детектив на лондонската полиција Колин Сатон, кој своевремено ја одби можноста да ја предводи истрагата за исчезнатата Медлин Мекен, смета дека нејзиното пронаоѓање е безмалку невозможно, пренесуваат британските медиуми. Тој истакна оти телото на девојчето би можело да биде закопано во некој од 600-те стари бунари во португалското летувалиште Праја до Луш, каде што Медлин исчезна на 3 мај...

Харадинај му порача на Ердоган да не се меша во внатрешните работи на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во интервју за Гласот на Америка вели дека не ги разбира реакциите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон него, повторувајќи го неговиот став дека никој од надвор нема да донесува одлуки за внатрешните работи на Косово. Харадинај посочува дека не сака да преудицира кој би можел да ја нареди акцијата за апсење и депортација на...

Гутереш побара три милијарди долари за Јемен

Јемен има потреба од три милијарди долари хуманитарна помош, за да им се помогне на милионите засегнати од воениот конфликт, кои страдаат од глад, раселување и болести и да бидат во состојба да ја преживеат војната, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на донаторската конференција во Женева, која се одржа денеска. - Хуманитарната криза во Јемен е најтешка во...

Надминат проблемот со струјата во ЕУ, часовниците повеќе не доцнат

Европската електродистрибутивна мрежа денеска соопшти дека целосно е отстранет проблемот во нејзиниот систем, што предизвика доцнење на дигиталните часовници во голем дел од ЕУ. Во соопштението се посочува дека 25-те земји членки на мрежата презеле мерки со кои фреквенцијата на струјата во европскиот енергетски систем е вратен на стандарните 50 херци. Портпаролоата на мрежата Клер Ками изјави дека дигиталните часовиници, кои...

Велика Британија бара „сразмерен начин“ да одговори на заканите на Русија

Велика Британија бара „сразмерен начин“ да одговори на заканата од Русија, изјави денеска портпаролот на премиерката Тереза Меј, откако пензионирано официјално лице на руската војска наведе дека труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал може да предизвика нова светска војна. - Мораме да одговориме на пропорционален начин на ваквото агресивно однесување на руската страна, и тоа го правиме - изјави...