Човекот кој порасна во пештера со волци: Разочаран сум од луѓето
Шпанецот Маркос Родригез Пантоја во 1965 година е пронајден во пештера во која живеел со волци цели 12 години. Неговиот живот во дивина започнал кога тој бил многу мал, по смртта на неговата мајка.
Татко му го напуштил, продавајќи го на еден фармер кој живеел во планината Сиера Морена. Човекот на кој му било доверено детето набрзо умрел, па затоа...
Македонија и НАТО приказна стара 25 години
Македонија е повеќе од подготвена да ја исполни својата стратегиска цел - да стане полноправна триесетта членка на НАТО, во моментот кога Алијансата одбележува 69 години од своето постоење и кога навршуваат две и пол децении од донесувањето на одлуката на Собранието за приближување на земјата кон сојузот, но и по цела една деценија од грчкото вето на нејзиното...
Македонските инвестициските можности презентирани во ОАЕ
Можностите за инвестирање и економската состојба во Македонија беа претставени на 8. издание на Годишниот инвестициски самит што од 9 до 11 април се одржува во Дубаи под покровителство на шеик Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, потпретседател на Обединетите Арапски Емирати и премиер на Дубаи.
На самитот учествува министерот за економија Крешник Бектеши кој реализираше бројни средби со...
Листите на чекање стануваат бесконечни
Пациентите што не се сметаат за итни случаи и по неколку месеци чекаат на услугите во јавното здравство, а за намалување на листите на чекање треба да се исполнат цела низа предуслови, да има исправна дијагностика, доволно операциски сали, слободен лекар, доволно персонал...
Снимање со магнетна резонанција, со компјутерски томограф, со дезинтометар, кој треба да ја види густината на коските,...
Иран: САД ќе зажалат ако го прекршат нуклеарниот договор
Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди дека САД ќе зажалат ако еднострано го прекршат иранскиот нуклеарен договор и дека одговорот на Техеран ќе го дознаат за помалку од една недела. Американскиот претседател Доналд Трамп ветуваше дека до средината на мај ќе ја повлече својата држава од договорот потпишан во 2015 година ако европските земји не им се приклучат на САД...
Продолжен конкурсот за фотографии „Моја скопска приказна“
„Mоја скопска приказна“ е отворен конкурс на фотографии инспирирани од фасади на објекти што го дефинираат вистинскиот идентитет на старо Скопје.
Најдобрите фотографии ќе бидат претставени на изложба во Музеј на современа уметност, на 8 мај 2018 година, а следува парична награда за прво, второ и трето место.
На отворениот конкурс ќе се наградува најдобрaтa композиција од пет фотографии по учесник...
Мафијата се „нафрли“ на италијанската трпеза
Италијанската мафија ги „пружи рацете“ преку трпезата, зграпчувајќи ја трговијата со месо, со што дистрибутерите и продавачите на Сицилија се приморани да платат „понуди што не се одбиваат“, пишува весникот „Кориере дела сера“.
Деталите за бизнисот на Коза ностра беа откриени по неодамнешното апсење на седуммина членови на организираниот криминал. Тогаш се дозна дека мафијата се насочи кон трговијата со...
Уверлива победа на Орбан и оставки во опозицијата
Унгарскиот премиер е познат по своите цврсти антиимиграциски политики
Лидерите на унгарските опозициски партии поднесоа оставки по објавувањето на првите резултати од парламентарните избори, на кои убедлива победа оствари партијата на актуелниот премиер Виктор Орбан. Според унгарски медиуми, прв поднел оставка претседателот на Јобик, Габор Вона, а потоа тоа го сториле и колидерот на партијата ЛМП, Акос Хадази, кој посочил...
Сирија пред нова ескалација
Асад е обвинет за нов хемиски напад врз својот народ, а Трамп му се закани дека ќе плати „висока цена“, по што е бомбардирана сириска воздухопловна база. Сирија прво ги обвинија САД за нападот, а тие негираа вмешаност, по што Дамаск и Москва прстот го вперија кон Израел, кој одби да коментира
Седумгодишната војна во Сирија би можела да добие...
Сообраќајот од село Крклино до Битола по една коловозна лента
Поради градежни работи на регионалниот пат од село Крклино до Битола сообраќајот на овој патен правец во наредните 30 дена ќе се одвива по една коловозна лента.
На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Претходно, јавното претпријатие „Македонија пат“ информираше дека и регионалниот пат од село Теово до Богомила во наредните 30 дена ќе биде во прекин секој ден...