Оперски уметници од Австрија ќе гостуваат во МОБ

Ќазим Асотиќ, в.д. директор на Македонска опера и балет, деновиве престојуваше во работна посета во Виена, Австрија. Во текот на неговиот престој оствари средба со директорот на Државната опера во Виена, Доминик Мајер, како и со заменик-директорот Марио Штелер и со шеф-директорот на хорот, Елиза Маријан-Зурман. Потврдено е нивното гостување во октомври оваа година и отворање на новата сезона...

Демир Хисар – град со недоволно истражено културно наследство

Не случајно оваа општина е град на културата на Македонија за 2018 година. Тука се манастирот „Свети Јован Претеча“, црквите „Св. Јован Богослов“ и „Свети Никола“ во Слепче, манастирот „Свети Никола“ кај Слоештица, црквата „Света Петка“ во Жван - сите од 14 век... Со свечено дефиле и пригодна културно-уметничка програма на Велигденскиот фолклорен фестивал, Демир Хисар и официјално ја почна...

Пападимулис: Не треба да ја изгубиме можноста за решение на името

Со Владата на Заев се отвори прозорец на можности за решение и не треба да ја изгубиме шансата, вели потпретседателот на европскиот Парламент и шеф на европратеничката група на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, во интервју за грчката телевизија Скај. - Не треба да ја изгубиме можноста да го решиме овој проблем. Сега со Владата на Заев се отвори прозорец на можности....

Хакерски напад: „Despacito“ исчезна од Јутуб

Спотот за песната „Despacito“ исчезна од Јутуб. Би-Би-Си јавува дека каналот Вево бил хакиран и дека спотот за песната „Despacito“ бил избришан од Јутуб. Пред видеото целосно да биде отстрането, на корисниците им била прикажана фотографија од група вооружени луѓе. Хакерите под видеото напишале „Слобода за Палестина“, а освен „Despacito“, биле отстранети уште неколку спотови. Би-Би-Си јавува дека хакерите ги загрозуваат и...

Официјално најстариот човек во светот е Јапонец

Јапонецот Масазо Нонака денес доби сертификат дека со своите 112 години и 259 дена, тој е најстариот човек во светот. Нонака доби сертификат од Гинисовите свестки рекорди во својот дом во Ашоро, на север од јапонскиот остров Хокаидо, пренесе АП. Масазо Нонака е роден 25 јули 1905 година и израснал во големо семејство, кое управува со бањски пансион со години, а...

Над 60 починати од труење со алкохол во Индонезија

Повеќе од 60 луѓе починаа, а многумина се хоспитализирани овој месец по труење со алкохол од домашно производство во Индонезија, соопштија денеска властите. Полицијата уапсила најмалку 12 мажи во главниот град Џакарта и соседната покраина заради сомнеж дека произведувале и продавале смртоносен алкохол. Меѓу состојките е откриено и средство против комарци, наведуваат властите. - Станува збор за мешавина на состојки кои...

Црковни несогласувања и на Велигден

Црногорскиот владика Михајло остро го осуди однесувањето на Српската православна црква против верниците во Црна Гора. За време на велигденското обраќање митрополитот Михајло рече дека „СПЦ се обидува да ја стави Црна Гора под нејзината мантија“, објави „Танјуг“. Според него, „Српската православна црква ја злоупотребува толеранцијата на државното раководство во земјата“. Властите во Белград и СПЦ не ја признаваат...

Хрватска продолжува да се вооружува

По одлуката за набавка на 12 борбени авиони „ф-16 барак“ и со 16 извиднички борбени хеликоптери „киова“, Министерството за одбрана на Хрватска почнува со постапката за набавка на нови транспортни хеликоптери „блек хавк“. Министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ на состанок со воените старешини во воената база Плесо објавил дека е во тек изработка на тактичко-техничка студија за опремување со...

Работници преку суд ќе ги бараат своите пари

Откако и во изминатите три месеци вработените во ГП „Трансмет“ Скопје, ангажирани во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, не ја добија платата за декември заедно со придонесите К-15 за 2017 година и доплата до исплата на плата за месеците септември, октомври и ноември, поднесоа повеќе групни тужби против работодавачот од главниот град, со надеж дека заостанатите обврски по судски пат...

Нов обид за здружување на српската опозиција

Сојуз за Србија, новиот опозициски блок, кој би бил предводен од поранешниот градоначалник на Белград Драган Ѓилас, би требало да почне со работа на деветти мај годинава. Во предлог-платформата за дејствување на сојузот се наведува дека партиите ги задржуваат своите органи и структури, правото на сопствен развој, но во клучните сегменти на политиката настапуваат синхронизирано и во договор на...