Штрајк во „Ер Франс“ откажани една четвртина од летовите

Дел од летовите на француската авиокомпанија „Ер Франс“ денеска се откажани поради штрајк на пилотите и останатиот персонал. Штрајкувачите бараат шест отсто зголемување на платите, кои долги години се замрзнати. Тоа е најголем шести штрајк на вработени во „Ер Франс“ од февруари оваа година. Синдикатите планираат нови протести во следните недели, а ќе им се приклучат и вработени во железница поради...

МЗ: Починатите бебиња се предвремено родени, се превземаат итни мерки

Во првите три месеци од годинава на Клиниката за гинекологија биле родени вкупно 1.155 бебиња. Од нив 144 биле предвреме родени и третирани на одделот за интензивна нега, но 35 починале, соопшти денеска Министерството за здравство и најави нови мерки по завршување на анализите кои се во тек за подобрување на исходот од бременоста и здравјето на децата. Министерството наведува...

Новартис ја купува американската компанија Авексис

Швајцарскиот фармацевтски гигант Новартис соопшти дека за 8,7 милијарди американски долари ќе ја купи американската компанија Авексис. Главната цел за оваа зделка е Новартис да стане лидер во лекување на невродегенеративни болести, неизлечиви болести на нервниот систем. Двете компании соопштија дека нивните управни одбори едногласно го потврдиле договорот, а износот ќе биде платен во готовина и со краткорочни заеми. Новартис ќе плати...

Силен земјотрес го погоди крајбрежјето на Чиле

Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди крајбрежниот појас во централно Чиле, соопшти Американскиот геофизички институт, нагласувајќи дека нема опасност од појава на цунами. Земјотресот е регистриран во 7:19 часот по локално време (12:19 часот по средноевропско време) на 76 километри под површината на Тихиот Океан, со епицентар на околу 120 километри во правец југ-југозапад...

Маскирани лица ограбиле сендвичара во Скопје

Две маскирани лица синоќа со закана со нож ограбиле сендвичара на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје. Како што соопшти МВР, грабежот синоќа во 23,30 часот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје, а при грабежот под закана со нож од биле одземени 8.400 денари, по што лицата го напуштиле местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Детали од новото судење на Бил Козби – предавство, седативи и милионска спогодба

Бил Козби ѝ платил 3,38 милиони долари на жена која тврди дека тој ја дрогирал и нападнал, во рамките на нивната спогодба од 2006 година, истакна обвинителството на новото судење на познатиот американски актер кое почна вчера во Пенсилванија, пренесува Си-ен-ен. Оваа информација беше соопштена првпат при враќањето на Козби во судницата, на рочиштето за три обвиненија за „тежок телесен...

Пајакот во акција – креваше возила паркирани под мостот „Гоце Делчев“

Пајак службата денеска креваше непрописно паркирани возила од кејот на реката Вардар, под мостот „Гоце Делчев“, откако граѓаните реагираа дека просторот под мостот се претворил во паркиралиште. Градоначалниците на Град Скопје Петре Шилегов и на општина Центар Саша Богдановиќ, изјавија дека редовно ќе се чистат јавните простори од непрописно паркирани возила. Апелираат граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат...

Тетовец ограбил и силувал Србинка

СВР Тетово го сомничи Ј.Џ. (38) од тетовското село Горна Лешница дека извршил силување и разбојничка кражба на српска државјанка, која претходно ја пречекал на нелегален граничен премин и ја превезувал до селото Пирок. Настанот, како што информира МВР, се случил на 27 декември минатата година, а случајот вечерта околу 23:00 часот го пријавила М.Б. (24) од Ниш, Србија. Таа пријавила...

Нацев: ОЈО да преземе мерки и да го истражи скандалот во ЈП „Јасен“

Граѓаните се фрапирани од масакрот во ловиштето во „Јасен“ извршен врз 57 диви свињи, во ловостој и во сезона на размножување. Имено според член 12 од Законот за ловство, ловот на диви свињи е забранет во период од 1 февруари до 30 септември, истакна денеска Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека неосновани се изговорите на управата дека се работи...

Започна пролетната акција за зазеленување на јавните површини низ Скопје

Шеснаесет јавори беа засадени денеска пред објектот на Македонска пошта на булеварот ВМРО, во рамки на пролетната акција на Град Скопје за зазеленување на јавните површини. Со акцијата, како што информираат од Град Скопје, е планирано да се засадат повеќе од 2.000 садници. Градоначалникот Шилегов, на денешната акција, посочи дека по завршување на пролетната акција, наесен ќе бидат засадени нови 8.000...