Саемот на книгата годинава во СЦ „Борис Трајковски“
Саемот на книгата годинава ќе се одржи во салата на спортскиот центар „Борис Трајковски“ бидејќи Скопскиот саем веќе не работи, информира денеска Министерството за култура, како покровител на манифестацијата.
- Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и на љубителите на книгата. Саемот на книгата годинава ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, за што...
Промоција на „Кога љубовта се троши како креда“
Издавачката куќа „Готен“ утревечер, со почеток во 20 часот, во „Кино Култура“ ќе одржи промоција на поетската збирка „Кога љубовта се троши како креда“ од Лулзим Хазири. Промотори на изданието ќе бидат академик Луан Старова и Салајдин Салиху. Преводот на песните од македонски на албански јазик е на Линдита Ахмети.
Поезијата на Лулзим Хазири е преведена на неколку јазика, застапена...
Етнографска изложба на влашка носија
Во уметничкиот салон од Центарот за култура во Кичево вечерва вторпат ќе биде отворена етнографска изложба на фотографии „Власите на Балканот и во Македонија“. Изложбата ја реализира здружението на Власите од Кичево „Јанко Михајлоски-Јанчица“, кое е формирано во 1991 година за да ги зачува и негува влашката традиција и идентитет, како и да се унапредуваат влашкиот јазик, култура и...
Крилото Хорват стана бек и одигра меч на кариерата
Поради повреди на колеги, десното крило Хорват беше десен бек на Загреб и го одигра најефикасниот меч во својата 16-та европска сезона (12 гола на мечот со Сегед) и првпат сезонава влезе во тимот на колото во ЛШ
Капитенот на Загреб, десното крило Златко Хорват, викендов го сврте вниманието на ракометната јавност одигрувајќи го најефикасниот меч, во својата 16-та европска...
Mанифестaција посветена на мартинките во Скопје
Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2018“ на која ќе бидат изложени рачно изработени мартинки од Македонија, Бугарија и од Романија се отвори викендов во трговскиот центар „Рамстор мол“ во Скопје. Организатор на настанот е центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ и е дел од активностите врзани со интернационалната апликација во УНЕСКО по повод признавањето на овој...
Дали е злочин кога убивате за да го заштитите своето семејство?
Ослободувањето на Саша Богески, кој мораше на суд да докаже дека не ја надминал нужната одбрана во мај 2013 година, кога го уби провалникот во неговиот стан, повторно го отвори прашањето кога е неопходно да се докажува дали „нужно“ сте се бранеле. Овој случај ја кребна на нозе јавноста уште во самиот почеток, а правниците даваа различни толкувања. Најнапред...
Преговори за локални избори во Мостар
По една година од одржувањето на последните преговори за наоѓање решение за локалните избори за градот Мостар, вчера ограноците на политичките партии во овој град одржаа заеднички консултации за надминување на овој проблем.
Последните локални избори во Мостар се одржани во 2008 година, а Уставниот суд на БиХ со пресуда од 2010 година наложи промена на статусот на градот Мостар,...
Пет тима се можни ривали на Вардар во четврт-финалето
Вардар со барем еден бод викендов од мечот дома со Висла ќе се пласира во четврт-финалето, а таму би играл со победникот од осминафиналето на Сегед со четвртиот тим од групата Б (Кил, Киелце, Веспрем или Фленсбург)
Ракометарите и ракометарките на Вардар со нови победи и бодови во следното коло ќе ги освојат првите места во своите групи во Лигата...
БиХ на листата на најопасни земји за ЕУ
Европската Унија во текот на 2017 година забранила влез во своите земји-членки за 20 опасни личности од Босна и Херцеговина, се наведува во новиот извештај на европската агенција за обезбедување на границата Фронтекс. БиХ се наоѓа на деветто место на листата по бројот на лицата со забрана за престој, веднаш зад Мароко. Прва на листата е Украина со 134...
Ѓорческа успешно закрепнува, на турнири од април?
Лани кон средината на декември, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (23) го оперира зглобот на левата рака во специјализирана клиника во Минхен, Германија, повреда што ја влечеше подолго време и која ѝ причинуваше многу проблеми. Потоа следуваше едномесечно мирување, со носење гипсена лонгета заради спречување несакани движења.
- Пред неколку недели со Лина бевме на контрола во клиниката во Минхен...