Царовска: Минималната плата ги даде очекуваните резултати

Минималната плата ги даде очекуваните резултати. Таа освен што ги изедначи вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со останатите гранки, придонесе за зголемување на просечната плата во овие сектори, но и на просечната плата во Македонија во висина од 5,6 проценти, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Со тоа, рече, постигнато е зголемување на просечната...

Иванов: Избрзана одлуката за протерување на рускиот дипломат

Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската унија, ја следи политиката на ЕУ и нивните одлуки донесени по пат на консензус и на ниво на ЕУ. Со оглед на тоа дека одлуките за протерување на руски дипломати не претставуваат израз на усогласени ставови на сите земји-членки на ЕУ, туку се работи за индивидуални одлуки на поедини земји-членки,...

Турски инвеститори ќе инвестираат во Новаци

Турски инвеститори кои се заинтересирани за вложување во општина Новаци денеска остварија средба со градоначалникот Љубе Кузманоски на која се информираа за условите и начините на кои можат да ја реализираат својата бизнис идеја. - Денеска остварив средба со турска делегација од општина Сакарија која се наоѓа на 100-тина километри од Истанбул. Станува збор за инвеститори кои членуваат во здружение...

Поднесени 30 обвиненија за насилниците од 27 април

Јавното обвинителство на РМ денеска до основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година, соопшти на прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Како што Јовески појасни, 28 лица од нив се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член 313 од КЗ, а две...

Насилник спроведувал своја правда во социјалното во Гостивар

Вработен во Центарот за социјални работи во Гостивар вчера додека бил на работа бил нападнат од 19-годишно момче од с.Леуново. Од МВР информираат дека настанот се случил околу 10.45 часот кога на лицето Р.Т. (62) движејќи се низ ходникот му се доближил Д.Ѓ. (19) од с. Леуново и почнал да му вика, да му се заканува, по што и физички...

Пицула: Ако се затресе Балканот ќе се тресе и Европа

Европратеникот и поранешен хрватски министер за надворешни работи Тонино Пицула предупредува дека мирот стабилноста и иднината на Европа зависат од состојбата на Западен Балкан, нагласувајќи дека балканскиот регион е многу чувствителен и нестабилен и доколку се затресе, ќе се тресе и цела Европа. Во авторски текст за „Еуропиен Вестерн Балкан“, Пицула нагласува дека не смее да се дозволи Балканот одново...

ФИФА воведува навивачка легитимација, без која билетот за СП е безвреден

Љубителите на фудбалот кои ќе сакаат да го следат Светското првенство (СП) во Русија налето, нема да можат да влезат на стадион со купен билет, доколку не поседуваат навивачка легитимација, која ФИФА ја воведува како новитет за претстојниот Мундијал, пренесуваат британските медиуми. Станува збор за документ кој ќе ги содржи фотографијата и основните податоци на сопственикот, а кој ќе се...

Москва адекватно ќе му одговори на Западот

Москва адекватно ќе одговори на одлуките на Вашингтон и повеќе западни земји за протерувањето руски дипломати, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. - Адекватен одговор ќе биде даден на сите чекори на САД и на ЕУ, кои ги видовме - рече Захарова. Во координираната акција на западните земји, поради случајот Скрипал, досега е најавено дека САД...

Спировски: Претседателот е должен да го потпише указот

Во Уставот постои безусловна еднозначна одредба која го задолжува претседателот на Републиката во ситуации кога законот по втор пат е донесен со апсолутно мнозинство, со над 61 глас, дека е должен да го потпише указот за негово прогласување. Таа одредба не поставува никакви основи, услови претседателот да ги проценува. Напросто, тој е должен тоа да го направи, изјави денеска...

Сметководителка од Охрид си префрлала пари на своја сметка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“, „проневера во службата“ и „фалсификување на службена исправа“, со кои на четири правни субјекти им нанела вкупна материјална штета од 4.591.611 денари. Како што соопшти МВР, Б.Н. во периодот од 2011 до 2017 година, како сметководителка во сметководствено...