Тринаесетгодишно девојче трета жртва од морбили во Албанија

Тринаесетгодишно девојче од планинско село кај Фуш Арез вчера почина од морбили. Во тешка здравствена состојба, со хеликоптер на понатамошно лекување во Тирана се префрлени и нејзините брат и сестра, кои, исто така, биле заразени од морбили. Селото Берише, од каде се децата, од петокот се уште е завеано во снег. Ова е трет смртен случај во Албанија од морбили. Претходно починаа...

Роналдињо откри зошто ја избрал Барселона пред Манчестер Јунајтед

Бразилскиот фудбалер Роналдињо откри интересни детали од времето кога го носеше дресот на Пари Сен Жермен. Во 2003 година, тој бил многу близу до трансфер во Манчестер Јунајтед, но на крајот ја избрал Барселона. Во исто време една од ѕвездите на „црвените ѓаволи“ - Дејвид Бекам, потпишува со Реал Мадрид и менаџерот на Манчестер Јунајтед во тоа време, Сер Алекс Фергусон...

Отворен Културен центар во Автокоманда

Општина Гази Баба доби Културен центар, во кој ќе бидат сместени културен дом, библиотека и најсовремено музичко студио за снимање филмска музика на компанијата Феимс од Франција. Од општината Гази баба информираат дека Културниот центар е направен по пат на Јавно приватно партнерство, помеѓу општина Гази Баба и француската компанија Феимс, а беше отворен свечено синоќа во присуство на амбасадорот...

Могерини: Тоа што се случи на Косово не смее да се повтори

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, за време на состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека вчерашните настани во Косово не смеат да се повторат и дека ЕУ очекува да се сочува мирот со мудар и воздржан пристап. Вучиќ и Могерини се состанаа вечерва во Белград, на разговори околу отворените прашања за иднината на...

Димитров: Слеано име не е достоинствено решение за името

Достоинствено решение за проблемот околу името е она од кое нема да се срамиме. Слеано име не е тоа. Уверен сум дека Грција има многу сериозен долгорочен стратешки интерес Република Македонија да биде близок сојузник, да биде дел од ЕУ, НАТО. Соседи сме и секогаш ќе бидеме. Ако најдеме достоинствен начин да го надминеме овој проблем, тоа ќе биде...

Недев со пет од пет изби на врвот на „Кaрпош опен 2018“

Македонскиот велемајстор Трајко Недев (2.485 рејтинг-поени, рангиран 11-ти), изби сам на врвот по 5. коло на осмиот меѓународен шаховски турнир „Карпош опен 2018“, откако вечерва како „бел“ го победи во 65. потег истакнатиот бугарски ВМ и трикратен победник на овој турнир (2012, 2014, 2016), Кирил Георгиев (2.596, рангиран трет). Веднаш зад него со половина поен помалку се ИМ од...

Закерберг ќе се појави пред Конгресот на САД

Извршниот директор и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, ќе се појави пред Конгресот на САД да одговори на прашања во врска со приватноста и злоупотребата на податоци, но засега не е јасно пред кои комитети ќе сведочи, соопшти доброупатен извор за американски медиуми. Комитетот за правосудство при Сенатот го покани Закерберг да сведочи на 10 април, заедно со директорите на...

Матис: Руската влада го изведе „обидот за убиство“ на Скрипал

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, изјави дека труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија се „обид за убиство", што го извршила руската влада. Матис рече дека нападот, кој покрена бран на протерувања на руски дипломати од западните држави, бил „сосема очигледно" изведен со хемиски агенс и додаде дека ова е прв...

Меј: Ја поздравувам меѓународната поддршка што ја добиваме

Британската премиерка Тереза ​​Меј изјави денеска дека досега 25 држави донеле одлука за протерување на руски дипломати поради случајот Скрипал. Таа, исто така, ја истакна одлуката на НАТО да протера седум дипломати од руската мисија во Алијансата. - Ја поздравувам меѓународната поддршка што ја добиваме - изјави Меј во британскиот Парламент. - Тоа не е едноставно прашање, поврзано со...

Илјада административци од Секретаријат за Рамковниот договор ќе се прераспределат

Вкупно 958 административни службеници вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор ќе бидат прераспределени во институциите на јавниот сектор. Оваа информација ја разгледала Владата на денешната седница и воедно ги задолжила органите на државната управа и претпријатијата во државна сопственост, во најкраток можен рок да започнат постапки за преземање на вработените од овој Секретаријат, информира владината прес-служба.