Тесла повлекува 123.000 возила поради грешка
Компанијата Тесла повлекува 123.000 возила од најпродаваниот Модел С поради проблем со управувачкиот механизам, соопшти денеска производителот на овие електрични возила.
Повлекувањето на автомобилите, најголемо што до сега го изведе компанијата на милијардерот Елон Маск, се однесува на моделите на луксузни седани произведени пред април 2016 година.
Тесла утврди дека во постудени климатски услови завртките на управувачкиот механизам многу брзо рѓосуваат,...
Нимиц ќе им претстави правна форма со празни места на Димитров и на Коѕијас
Правна форма, со празни места во спорните прашања, ќе им претстави медијаторот Метју Нимиц на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на денешната средба во Виена, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
- Според досегашните информации, Нимиц ќе биде тој што прв ќе се обрати и ќе ја претстави правната форма, врз база...
„Тотал“ одложен за 11 април
Главната расправа за предметот „Тотал“, во кој е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок, е одложена за 11 април.
Денешното рочиште во Кривичниот суд не се одржа бидеќи не присуствуваше Павловиќ-Латас поради здравствени и семејни причини.
Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од...
Нормализиран сообраќајот на патот Кичево-Охрид
На магистралниот пат Кичево-Гостивар синоќа во 22 часот е норамлизиран сообраќајот, кој од вчера се одвиваше наизменично поради свлечиште.
На делницата се поставени сообраќајни знаци за известување поради постоење можност од повторно свлечиште на земја.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Нови судски рочишта за „Топлик“ и „Тотал“
Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на СЈО „Топлик“ и „Тотал“.
Минатото рочиште за „Топлик“ беше одложено поради болест на обвинетиот Димитар Димовски, за што неговиот адвокат достави лекарска потврда.
Во „Топлик“ се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште.
Јанакиески, како...
Вашингтон: Протерувањето американски дипломати од Русија само ги влошува односите
Протерувањето на 60 американски дипломати од Русија не е неочекувано и САД ќе се справат со тоа, соопшти синоќа Белата куќа.
Одлуката сепак дополнително ги влошува односите меѓу двете земји, истакна Белата куќа во соопштение.
Во исто време портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојер изјави дека протерувањето на американски дипломати е неоправдано и Вашингтон го задржува правото да преземе соодветни мерки.
-...
Франција се нуди да посредува меѓу Турција и сириските Курди
Франција се понуди да посредува меѓу Турција и Сириските демократски сили (СДФ), во кои доминираат борците на сириските Курди, соопшти Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
Париз исто така ги уверил Сириските демократски сили дека поддржува стабилизација на северна Сирија.
Курдскиот функционер Калед Еиса по средбата со Макрон и делегација од северна Сирија во која биле и претставници на Силите за...
Нова рунда преговори за името во Виена
Нова рунда преговори за спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се одржи денеска во Виена каде што шефовите на дипломатиите на двете држави Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц.
Димитров и Коѕијас, во пресрет на средбата со посредникот на ОН, како и минатиот пат, разговорите ги почнаа со неформална работна...
Над 25 милиони лица се пријавиле за работа во Индиски железници
Над 25 милиони луѓе се пријавиле за околу 90.000 работни места во Индиски железници, што укажува на предизвиците со кои се соочува премиерот Нарендра Моди кој вети дека ќе се отворат работни места за време на неговиот мандат.
Државните железници, кои во моментов вработуваат 1,3 милиони луѓе, најави дека ќе отворат десетици илјади нови работни места - машиновозачи, техничари, инспектори...
Телевизија Сител добила лажна закана за поставена бомба во студиото?
Непознато лице се јавило во телевизија Сител, при што кажало дека во студиото има подметната бомба, вечерва околу 21 часот, неофицијално дознава „Нова Македонија“.
Екипи од МВР излегле на терен во Градскиот парк во Скопје, за да ја испитаат веродостојноста на заканата, која се испоставило дека е лажна, според непотврдени информации.