Посебен сообраќаен режим за Велигден во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром
За Велигденските празници, односно на ден Велигден сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Како што соопшти МВР, во сабота во периодот од 18,00 часот па до завршувањето на чествувањето на празникот за време на централните верски манифестации...
За велигденските празници 24 часовна здравствена заштита во дежурните ноќни пунктови на Здравствен дом Скопје
Во текот на престојните празнични денови службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во поликлиниките Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари, Драчево и Букурешт, информираат од Здравствен дом Скопје.
Нагласуваат дека саботното дежурство на 7 април на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од...
Јулија Скрипал: Се може да се поправи
Ќерката на двојниот шпион Сергеј Скрипал, Јулија, која заедно со него беше отруена во Солсбери, денеска првпат се огласи по инцидентот од 4 март што предизвика дипломатски потрес.
Во соопштението што го пренесува британската полиција, Јулија наведува дека таа и нејзиниот татко се чувствуваат подобро.
- Се разбудив минатата недела и секој ден ми се враќа силата. Благодарна сум за интересирањето...
Европската заштита на лични податоци ќе важи за сите корисници на ФБ
Новите европски правила за заштита на личните податоци, кои треба да стапат во сила на 25 мај 2018 година, ќе важат за сите корисници на Фејсбук, изјави основачот на социјалната мрежа Марк Закерберг.
Новата регулатива на Европската Унија за заштита на лични податоци, позната како ГДПР, која се воведува по скандалот со „Кембриџ Аналитика“, предвидува построги правила за заштита на приватноста...
„ТНТ“ одложен за 13 април, Врховен ќе одлучува за изземање на судиите
Одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“ на денешното рочиште побара изземање на судечкиот совет, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и в.д. претседателот на Апелацискиот суд Лидија Димчевска. По барањата одлучува Врховниот суд во рок од три дена.
Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, кажа дека се уште нема одговор од Врховен суд и дека рочиштето по предметот...
Можни излевања на водотеците поради најавените поројни дождови
Можни се брзи зголемувања на водостојот на некои водотеци и локални излевања по прогнозите од синоптичарите дека во текот на попладневните часови и особено за време на ноќта се очекуваат врнежи од дожд со пороен карактер и пообилни во северните и централните делови од земјата каде локално се очекуваат и над 25 л/м 2 воден талог.
Како што посочуваат од УХМР, водостоите на...
Србија и САД не се согласуваат за Косово, но дијалогот треба да продолжи
Претседателот и премиерката на Србија, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ денеска во Белград на одвоени средби го примија вршителот на должност заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Метју Палмер, со кого разговараа за важноста на долгорочното пријателство меѓу Србија и САД и заложбата на двете земји за понатамошно развивање на нивните билатерални односи.
Како што соопштија...
РСБСП: Возете внимателно за време на велигденските празници
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира на внимателно возење и почитување на сообраќајните прописи, како и дисциплинирано и смирено учество во сообраќајот за време на велигденските празници и продолжениот викенд.
- Продолжениот викенд и празничните денови значат и погуст сообраќај, зголемен интензитет и фрекфенција на патиштата, а тоа влијае за зголемување на бројот на сообраќајни незгоди од...
Седум решенија за притвор за настаните од 17 април потврдени од Апелација
Седум решенија за притвор на лица поврзани со настаните во Собранието од 27 април минатата година беа потврдени денеска од Апелацискиот суд Скопје.
Меѓу одбиените жалби е таа на режисерот Борис Дамовски. Жалбата на Дамовски се однесуваше на мерката куќен притвор.
Другите шест одбиени жалби се однесуваа на решенија за притвор, а меѓу нив се Душко Лазаров од МВР и Горанчо Ангеловски од...
Заев: Реконструкција на Владата до крајот на април
До крајот на април се очекува да заврши реконструкцијата на Владата, најави денеска од Штип премиерот Зоран Заев. Прашан дали министерското место за правда ќе остане за кадар на ДУИ, Заев со одговор дека преговорите за тоа прашање се во тек.
- Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент....