Комби влета во толпа луѓе во германски Минстер, возачот се самоубил

Најмалку две лица загинаа, а 20 се повредени, откако човек со психолошки проблеми влета со комби во маса луѓе во германски Минстер, пред да се самоубие, пренесуваат светските медиуми. – Возачот се застрелал самиот - изјави портпаролка на полицијата, откаде што не сметаат дека станува збор за терористички напад. Медиумите објавија дека напаѓачот бил 48-годишен германски државјанин со психолошки проблеми. Полицијата испрати...

Браќата Менендез се соединија по речиси 30 години од убиството на родителите

Браќата Менендез кои се осудени за убиството на нивните родители во семејниот дом во Беверли Хилс, САД, се соединија во затвор во јужна Калифорнија, речиси 30 години по злосторството, пренесува „Гардијан“. Ерик Менендез (47) е сместен во ист оддел со неговиот брат Лајл (50), соопшти гласноговорничка на затворот во Сан Диего. Тие се во истиот затвор уште од февруари, по...

Кореите разговараа за воспоставување прва телефонска линија меѓу лидерите

Јужна и Северна Кореја денеска разговараа за воспоставување директна телефонска линија меѓу своите лидери, пред нивниот состанок планиран за крајот на овој месец. Состанокот бил одржан на севернокорејската страна од пограничното село Панмунџом и присуствуваа по три официјални претставници од Јужна и од Северна Кореја. Разговорите траеле три часа и се разговарало за технички предизвици за воспоставување директна телефонска врска...

Филипините под закана да станат следниот калифат на Исламска држава

Откако Исламска држава (ИД) ја загуби контролата над Рака, кој го сметаше за главен град на калифатот во источна Сирија, постојат сознанија на воени експерти оти терористичката организација размислува да воспостави упориште на Филипините, пренесува британски „Експрес“. Дел од џихадистите кои избегаа од Сирија и од Ирак, наводно, веќе заминале на Филипините, каде што имаат намера да извршат терористички напади...

Санкциите на Вашингтон го чинеа Дерипаска речиси една милијарда долари

Рускиот бизнисмен Олег Дерипаска изгубил за еден ден 957 милиони долари заради новите американски санкции, објави Форбс. Министерството за финансии на САД вчера воведе санкции за седум руски претприемачи и против 12 компании кои тие ги контролираат, како и против 17 високи руски владини претставници. Дерипаска е на списокот како и компаниите што ги контролира. На списокот е и Сулејман Каримов кој...

Дачиќ: Приштина без ментори би прифатила поделба на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Приштина би прифатила предлог за поделба на Косово ако со нив се разговара без ментори. – Ако би разговарале отворено за поделба на Косово без ментори, Приштина тргнувајкќи од свои интереси, би го прифатила тој предлог, изјави Дачиќ во интервју за Блиц. Тој наведува дека и големите сили кога ќе се...

Марко Ѓуриќ се враќа на Косово 12 дена по апсењето

Директорот на српската владина Канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ, кој пред 12 дена беше приведен и депортиран од Косово, денеска ќе замине повторно за северно Косово да присуствува на полноќна Велингденска литургија во манастирот Бањска. Таа информација е потврдена и од Министерството за надворешни работи во Приштина, како и од советникот на шефот на дипломатијата Јетлир Зиберај, кој за весникот...

Бобан Илиќ ќе ја чека правосилноста на пресудата во притвор

Основниот суд во Куманово на барање на надлежен јавен обвинител од кумановското Основно јавно обвинителство му определи мерка притвор на Бобан Илиќ, кој беше осуден со првостепена пресуда за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Како што соопшти прес-службата на ОЈО Куманово, надлежен јавен обвинител од ова обвинителство до Основниот суд Куманово достави Предлог...

Операција за апсење на „ѓуленисти“ во 18 турски окрузи

По наредба на турското Обвинителство денеска во 18 окрузи се спроведува операција против осомничени лица поврзани со организацијата на Фетулах Ѓулен. Издадени се налози за апсење на 25 кандидати за судии и 13 адвокати. Во Турција досега се уапсени повеќе од 38.000 луѓе, а околу 110.000 јавни службеници добија отказ под обвинение дека се поврзани со Фетулах Ѓулен, кој според Анкара...

Мемеди: Интензивирање на разговорите за евентуално вклучување на Беса во Владата

Реџеп Мемеди, член на Централното претседателство на Движењето Беса и пратеник во Собранието денеска на прес-конференција изјави дека деновиве очекува интензивирање на разговорите за нивен евентуален влез во Владата. - Во однос на нашите контакти со премиерот Зоран Заев за евентуално вклучување на Движењето Беса во Владата, имаше неколку средби, но за поконкретни чекори очекуваме наредните денови да се интензивираат...