Рочишта за предметите на СЈО, „Труст“ и „Тенк“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на СЈО, „Труст“ и „Тенк“. На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат слушани цедеата, како и да бидат сослушани тројца сведоци на обвинението и да се презентираат и другите материјални докази. Во предметот „Тенк“ на СЈО обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот...

Претстои богата надворешно-политичка агенда

По најавата на новата средба Димитров - Коѕијас на 12 април во Охрид и оптимистичките изјави на премиерот Зоран Заев, се оценува дека спорот за името влегува во завршница. Премиерот Заев, во неделното интервју за МИА истакна дека верува дека преговорите се во вистинска насока и дека тој процес се доближува до моментот кога треба да следува средба помеѓу него...

Сончево време со температура до 26 степени

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната од 16 до 26 степени. Во Скопје слично време, со темепратура до 24 степени. Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. В среда температурите ќе се движат...

Без струја утре дел од Карпош

 Без електрична енергија утре од 9.30 до 11 часот ќе останат  стопанските објекти на „Кадис“ во трговскиот центар „Олимпико“, во општина Карпош. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради интервенции во дистрибутивната електро мрежа.

Без вода утре и задутре дел од општина Карпош

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради чистење и хлорирање на резервоарот Жданец. Од 9 часот утре и задутре можен е мал прекин на водоснабдувањето во населбите Жданец, Трнодол, Козле (висока зона) и Нерези. Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради чистење и хлорирање на резервоарот Жданец. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на работите.  

Искршени столчиња на стадионот во Валандово

На Градскиот стадион во Валандово синоќа биле искршени повеќе од столчињата на трибините, информираше денес градоначалникот Перо Костадинов. Вандалите искршиле повеќе од педесет столчиња со што е направена значителна материјална штета. Столчињата се монтирани на трибините пред неколку години, а претходно се користеле на отворената сцена во Домот на културата. Случајот е пријавен во полицијата. 

Колони возила пред патарината Отовица, кај Велес

Километарска колона возила се создава пред патарината кај Велес, во правец кон Скопје, јавија патници кои подолго време чекаат да ја минат патарината кај Отовица, над Велешко езеро.. Поради празничниот викенд и последниот неработен ден од Велигденските празници, голем број граѓани кои заминаа на продолжен викенд, сега се соочуваат со проблеми на враќање дома. Според информации од терен, колоната кај месноста...

Принцот Хари и Меган Маркл наместо свадбен подарок сакаат донации

Британскиот принц Хари и неговата вереница Меган Маркл ги замолиле сите кои сакаат да им испратат свадбен подарок следниот месец, наместо тоа да уплатат донација, соопшти денеска канцеларијата на принцот. Во соопштението се наведува дека двојката е многу среќна поради добрата волја која им е укажана и сакаат повеќе луѓе да имаат корист од таа несебичност. Принцот Хари и Маркл одбраа...

Фернандо Торес заминува од Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, соопшти дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот. За популарниот „Ел Нињо“ ова е втор мандат во мадридскиот клуб, откако по првиот период во Атлетико од 2001-2007 година, потоа ги носеше дресовите на Ливерпул, Челзи и Милан. Торес се врати во 2015 година, но оваа сезонава е во втор план, воглавно како резервен...

Пет компании кои Доналд Трамп ги презира

Откако почна да управува со најголемата економија на светот, американскиот претседател Доналд Трамп почна да повлекува потези кои многумина ги шокираа позитивно ли негативно. Законот за даночни мерки и вработување, кој во декември минатата година го потпиша Трамп, донесе постојани даночни олеснувања за американските фирми. Меѓутоа, постојат неколку исклучоци од „пријателскиот однос на претседателот кон американските претпријатија“. Ова се топ пет...