Од петок, 8 март 2024 година, „Нова Македонија“ започнува серијал на темата „Македонски состојби: Детали и глобали за изборната вртоглавица (Homo politicus наспроти Homo transitionis)“, од авторот Сотир Костов. Во серијалот, авторот сестрано ќе ги анализира појавите, процесите и односите во нашата држава и општество во целост, давајќи одговори на повеќе провокативни прашања: дали демократијата во Македонија е „демократија без народ“, дали нашето општество е „едно општество за сите“ или „бесрамно општество“, има ли демократија во политичките партии, зошто немаме демократска политичка култура, а имаме анемично општество, од кои причини правната држава (владеењето на правото) е алка/услов што недостига…