Славниот оперски пејач Андреа Бочели го посети тренинг-кампот на Интер, каде што ја изведе нумерата „Nessun Dorma“ пред фудбалерите на италијанскиот клуб.
Бочели, кој е познат навивач на миланската екипа, се сретна со тренерот Лучијано Спалети и со играчите на „нероаѕурите“, кои го наградија неговиот настап со аплауз.
Интер го очекува почетокот на новата сезона во италијанската Серија А, каде што в недела ќе се сретне со Сасуоло.