Во подземна соба наречена „Акс Рејџ Румс“ во Аман, Јордан, луѓето се ослободуваат од нивните фрустрации уништувајќи ги со чекан старите телевизори, принтери, компјутери, како и стакла од коли. Ваквите простории кои се познати како „соби за гнев“ стануваат сѐ повеќе популарни низ целиот свет, а им служат на луѓето да се ослободат од стресот и нервозата.