Пораки против францускиот предлог, апел да не се потпишува и барања за оставки се слушаа на вечерашниот протест пред Владата под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“. Официјално немаше организатор, но беше поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот од Франција е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.
Владата вчера го објави модифицираниот предлог од Франција, кој треба да се прифати како услов Бугарија да го тргне ветото и да се отворат преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.
Георгиевски Камиказа: Не даваме ни педа од тоа што е наше и со крв спечалено
Говорниците – јавни личности, новинари, професори и претставници на здруженија ја повикаа Владата да не го потпишува предлогот со порака „Македонија е се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме“.
Стојановски порача дека Македонија не е на продажба, за Ѓорчева францускиот предлог е срамна понуда
-Вечерва велиме „но пасаран“. Подадовме рака, ни ја бараат душата, а има ли цена душата… Отпорот ќе биде секогаш, а победата е загарантирана затоа што Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, култура и идентитет се единствената вистина – беше порачано на протестот.
Мицкоски: Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме
Може да го продавате тоа што вие сте го купиле, Македонија не – порака од протестот пред Владата