Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Бројни верници и граѓани на овој ден се упатуваат во манастирите и црквите да се помолат пред Мајката Божја.
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан по повод празникот чиноначалствуваше со Светата божествена литургија во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје. Во дворот на манастирот традиционално на овој ден се одржува крводарителска акција.
Сестринството упати апел до граѓаните и верниците, кои за време на празничните денови во голем број доаѓаат во манастирот, да ги почитуваат препораките за заштита од ковид -19.
И во Домот на АРМ во Скопје, денеска, традиционално, по јубилеен 20-ти пат, се одржува крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, во организација на Црвениот крст на Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина. За првите час и половина од акцијата имало околу 45 дарители.