Фотогалерија: Меѓународен ден на правата на сексуалните работници – 3 март
Граѓанските здруженија за заштита на човековите права по повод Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници – 3 март, бараат декриминализација на сексуалната работа, што се смета за најдобра правна рамка за унапредување на човековите, работничките и здравствените права на сексуалните работници, преку носење правна рамка за регулација на сексуалната работа во Македонија.
Невладините организации од секторот годинава организираат хуманитарна аукција „Акција за реакција 2“. Со донираните финансиски средства ќе се обезбеди директна поддршка на сексуалните работници кои сè уште ги чувствуваат последиците од социо-економската криза предизвикана од пандемијата. Аукцијата е онлајн и трае до 7 март.
Фотогалеријата е составена од фотографии направени во изминатите две години при одбележувањето на 17 декември – Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници.