Во последниот месец во Зоолошката градина во Скопје се родија многу бебиња.

Беби-бум во Зоолошката градина во Скопје

Но, уште една убава вест доаѓа од Скопската Зоолошка градина.

– За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела. Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе-велат од Зоолошката градина.

Фотографиите ги направи Горан Анастасовски.