Фудбалските ѕвезди на Светското првенство го привлекуваат вниманието со умешноста на теренот, но и со специфичниот изглед, односно со фризурите подготвени за Мундијалот.
Љубителите на фудбалот воглавно ја исмеваат фризурата на Бразилецот Нејмар, која на многумина им наликува на птичје гнездо или на шпагети. Повеќемина фудбалери, пак, се одлучија да ги бојадисаат косите, да направат упадливи шари, или да ја носат популарната „мохавка“.