Во скопската золошка градина пристигнаа новите пингвини. Овие пингвини се вид кој живее во Јужна Америка, поточно во Перу и Чиле. Познати се како Хумболтови пингвини, именувани според истражувачот Александар фон Хумболт. Тие се со средна големина и раст, а можат да тежат до шест килограми. Имаат црна глава со бела шара на телото и розов клун. Според црвениот список на Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП), тие се ранлив вид.