Затемнување на Месечината гледано од Скопје/фото: Маја Јаневска-Илиева

Помрачување на Месечината е астрономски феномен кога Земјата ја помрачува светлината што од Сонцето патува кон Месечината.

Скопското астрономско друштво постави два телескопи на плоштадот Македонија во Скопје. Сите љубители на астрономијата имаа можност одблиску да ја набљудуваат оваа појава што се случи вечерта на 7 септември и траеше помалку од 3 часа. Месечината изгреа околу 19 часот веќе делумно затемнета, а со текот на времето стануваше сè потемна, со црвеникава боја во фазата на целосното помрачување. Затоа овој феномен уште е нарекуван и „крвава Месечина“.