Кајли Миног важи за една од омилените личности на кралскиот двор. Покрај честите покани на приеми и вечери, австралиската ѕвезда пееше и на 92-иот роденден на кралицата во април.
Кајли (50) синоќа беше и меѓу гостите на приемот во Бакингемската палата, каде што фотографите ја снимија како разговара со принцот Вилијам.
Потоа таа и останатите поканети имаа чест да присуствуваат на вечерата, чија цел беше да се искаже благодарност на сите кои и помогнале на „Royal Marsden Cancer Charity“ организацијата.