Австрија и Англија во неделата ги одмерија силите во витешко натпреварување во кое учесниците, во оклоп, со штит во едната и дрвени копја во другата рака, се обидуваат да го соборат противникот од неговиот коњ.
Дводневниот натпревар се одржа во Австрија и заврши со резултат 89-75 за домаќинот. Следниот натпревар ќе биде одржан во Англија, а учесниците од двата тима се надеваат дека овој спорт ќе се стекне со поголема популарност во иднина.