Филипински пронаоѓач го претстави изумот што го нарекува „летечки спортски автомобил“.
Успешното тестирање на леталото со капацитет за еден патник, кое користи технологија на дроновите, беше изведено во провинцијата Батангас на Филипините.
Пронаоѓачот тврди дека патувањето за кое е потребен еден час возење со автомобил, со револуционерниот дрон би можело да трае пет минути.