Министерот за внатрешни Наќе Чулев оствари работен состанок со раководството на СВР Битола.
На состанокот беше запознаен со безбедносната состојба на подрачјето кое го опфаќа секторот за внатрешни работи. Од страна на актуелното раководство на секторот беа презентирани последните статистички податоци за криминалитетот кои бележат тенденција на опаѓање.
Министерот ставил акцент на потребата од организирање и спроведување на фер и демократски избори со посебен осврт на детектирање на активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.
Тој изразил надеж дека ваквите мерки ќе бидат во фокусот на полицските службеници во престојниот период.