Од денеска попладе до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Врнежите во западните и северозападните делови повремено ќе бидат пообилни (над 50 л/м2) и поројни, проследени со засилен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.
Поради продор на постудена воздушна маса од север од вторник се очекува ново заладување со врнежи од дожд и снег на планините и на некои повисоки места, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.