Злоупотребата на штедните влогови во поштата во Злетово им го смени животот на злетовци, кои идиличниот и на моменти досаден селски живот го заменија со шетање по шалтерите и канцелариите во поштите во Пробиштип и Штип, чии врати тешко се отвораат поради „молкот“ на поштенските работници.
„Нова Македонија“ во наредните денови ќе продолжи со истражувањето и ќе се обиде да даде одговор за тоа дали зад оваа финансиска афера стојат и други лица? Кои се обврските на надлежните финансиски институции во земјата во вакви случаи? Зошто за овој случај неколку денови нема информации во медиумите и зошто за тоа не се информира во полициските билтени, се само дел од прашањата на кои бараме одговори