Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража е укината во 11:15 часот.
Како што информираат од АМСМ, во 11:20 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар.
Поради врнежи од снег забраните беа воведени утрово на планинскиот премин Стража во 8:50 часот, и на патниот правец Маврово – Дебар во 9:15 часот.