Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне претежно во планиските региони ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, информира УХМР. Утринската температура ќе се движи од 9 до 19, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на краткотарен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 31 степени.
Во среда сè уште во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирна нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд претежно во западните делови, но и ќе има повеќе сончево време и ќе следува период на стабилно и релативно топло време.