Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 23 до 33 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени. Повремено облачност ќе се зголемува и ќе има локален краткотраен дожд, особено во среда.