Списокот на патници од автобусот е испратен за Скопје и е започнат процесот на идентификација на жртвите во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот Струма во Бугарија, изјави директорото на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, на заедничката прес-конференција со македонскиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
На местото на несреќата се сослушуваат сведоци, додека само двајца од седуммината повредени кои се во болницата „Пирогов“ во Софија се во соодвтена состојба и можат да дадат исказ.
– Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите – рече Сарафов.
Сите потребни документи, Сарафов нагласи дека обвинителството ќе ги испрати до институциите во Скопје.