Нашиот став е дека еден ден пропуштен во наставата не е толку значаен, колку што е значајно да се донесат промени во образованието. Ќе стоиме зад сите наши дела се додека не не` слушне Министерството, порача претставничката на неформалната фејсбук-група „Учебници и настава мора да има”, Драгана Спасевска, во изјава за МИА.
Неформална фејсбук-група која на социјалната мрежа ја следат над 70 илјади лица, вчера пред Министерството за образование и наука ги изнесе своите барања – да се стопира носењето на новиот закон за учебници, да се организира јавна расправа и нивни стручни претставници непосредно да учествуваат во негова ревизија и интервенции.
Спасевсска додаде дека има информации за родители и наставници кои денеска не почнале со настава во основните училишта, додека уште нема доволно информации за средните училишта. Таа посочи и дека од надлеженото министерство никој не ги повикал на средба на која би ги предложиле своите аргументи за предлог-законот.
Средношколскиот сојуз вчера се огради од бојкотот. А лидерот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи изјави дека нема сознанија дали средношколци денеска бојотираат самоиницијативно.