Времето денеска ќе биде облачно преку целиот ден, со пообилни врнежи, информираат од УХМР.
На повеќе места ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар, а локално и над 40 литри на квадратен метар воден талог.
На планините и на повисоките места ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје, облачно преку целиот ден со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
В недела ќе има слаб локален дожд и снег, а од понеделник следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер.