Министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Христиан Костов, ја промовираа микробиолошката лабораторија, која од утре ќе биде пуштена во употреба и достапна за граѓаните.
– Од утре ќе биде во функција новата микробиолошка лабораторија, со што ќе може да се употребува за анализа на податоци. Дел по дел се зајакнува како инфраструктурата, така и функционалноста на институцијата. За следната година планираме уште неколку активности, кои ќе се однесуваат на инсфраструктурата на сите здравствени установи – потенцираше Филипче.
Во септември годинава се пушти во употреба новиот Кардиоваскуларен центар во оваа болница, а во 2019 се финализираше и инсталацијата на нов линеарен акцелератор – технологија за третман на малигните заболувања.