Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува успешна земјоделска година. Оптимизмот го темели на поволните временски услови, на навремената исплата на субвенциите, но и на информациите од постојаните контакти и средби со земјоделците и нивните здруженија.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече, активно ги следи состојбите, одржува средби со сите засегнати страни.
– Деновиве имавме средби и со претставници на мелничката индустрија, производители на пченица и сите други категории земјоделски производители. Над 90 проценти од субвенциите ќе бидат исплатени во занконскиот рок согласно сите обработени податоци на платежната агенција, така што очекуваме успешна земјоделска година во секој поглед- рече министерот Николовски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за изградба на систем за наводнување во Валандовско.