Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој беше во работна посета на Тетово истакна дека безбедносната состојба на подрачјето е стабилна, а не очекува промени или последици по објавувањето на договорот околу името со Грција.

Тој заедно со заменикот министер Агим Нухиу денес беа во посета на Секторот за внатрешни работи Тетово, како дел од серијата работни средби низ Македонија.

Граѓаните се длабоко свесни за ситуацијата. Очекуваме поддршка од сите политички чинители кои исто така се свесни за важноста за ситуација и врз политичка и врз безбедносна основа рече Спасовски.

Тој потенцираше дека раководството на СВР Тетово го инфомирало за стабилноста на општата состојба во Тетовско, но и во полошкиот регион.

Новото раководство ме информираше дека безбедносната ситуација е стабилна. Разговаравме за неколку сегменти кои ќе придонесуваат за намалување кривични дела рече Спасовски.

Министерот ја посети и општина Тетово со цел да се разговора за надлежностите кои се поклопуваат.

А.С.