Поддршка за досегашниот тек на реформите како и позитивна оценка за напредокот што е направен во рамките на Управата за безбедност и контраразузнавање денеска даде помошник генералениот секретар за разузнавање и безбедност Арнт Фрајтаг фон Лорингхофен на средбата со министерот Оливер Спасовски во МВР.
Како што соопштија од Министерството, Арнт Фрајтаг фон Лорингхофен кој е во посета на Македонија, го поздравил постигнатиот политички договор со одобрувањето на договорот од Преспа во македонскиот Парламент, со кој се отвора патот на Македонија кон интеграција во НАТО и ЕУ.
-Министерот Спасовски ги запозна гостите со досегашниот тек на реформите и имплементацијата на новиот систем за следење на комуникациите, а го запозна и со детали од текстовите на законите со кои се продолжува реформата во безбедносно-разузнавачкиот сектор, се наведува во соопштението на МВР.