Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, Министерството за внатрешни работи известува дека и в сабота и в недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.

Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациска единица при МВР – Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав в сабота ќе работат на прием и издавање лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот.

Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Штип ќе работат следните подрачни единици: Кочани, Берово, Делчево, Пробиштип и Свети Николе.

Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Битола ќе работат следните подрачни единици: Битола, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.

Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Струмица ќе работат следните подрачни единици: Струмица, Гевгелија и Радовиш.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје, само во објектот на МРТВ, в сабота ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот.

В недела, пак, сите наведени надлежни организациски единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 7 до 19 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево), информира Министерството за внатрешни работи.